Прејди на содржината

Заорок

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Заорок“ — збирка со песни и раскази за деца на Христина Аслимоска од 2001 година.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Книгата содржи 23 песни:[1]

  • Куќата моја
  • Мојот град
  • Моето училиште
  • Книго моја
  • Годишни времиња
  • Пролет
  • Развигорче
  • Цвет
  • Букет
  • Славејче
  • Распеано штурче
  • Есен
  • Облаче
  • Овошје
  • Грозје
  • Дренка
  • Нова година
  • Панделка
  • Родители
  • Мојот брат
  • Волшебна слика
  • За тажните деца
  • For the sad children

Технички податоци

[уреди | уреди извор]

Книгата е објавена од издавачката куќа Македонски духовни конаци во рамките на едицијата „Искри“. Ликовното уредување е дело на Владо Јоциќ, а автор на илустрациите е Христина Аслимоска. Книгата, со димензии од 36 страници, е испечатена во печатницата „Графомак“ во Кичево, во тираж од 300 примероци. Таа е каталогизирана во Народната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 9989-874-06-9.[2]

За делото

[уреди | уреди извор]

Во својот осврт кон делото, професорот Јордан Спасески истакнува дека младата поетеса наоѓа убави и топли зборови за сите нешта што ја опкружуваат, украсувајќи ги луѓето и предметите за кои пишува со зборовите од најубавиот јазик во светот — македонскиот.[3] Светлана Христова-Јоциќ ја пофалува спонтаноста и индивиуалноста на авторката во нејзините први чекори во поетската земја, како и свежината на нејзините стихови.[4]

  1. Христина Аслимоска, Заорок. Скопје: Македонски духовни конаци, 2001.
  2. Христина Аслимоска, Заорок. Скопје: Македонски духовни конаци, 2001, стр. 36.
  3. Јордан Спасески, „Кон Заорок, во: Христина Аслимоска, Заорок. Скопје: Македонски духовни конаци, 2001, стр. 32.
  4. Светлана Христова - Јоциќ, „Збор-Заорок или за првите песни на Христина Аслимоска во Заорок, 2001 г.“, во: Христина Аслимоска, Заорок. Скопје: Македонски духовни конаци, 2001, стр. 33-34.