Замоците на Атлин и Данбајн

Од Википедија — слободната енциклопедија
Замоците на Атлин и Данбајн
Корицата на едно од англиските изданија
АвторЕн Редклиф
Изворен насловThe Castles of Athlin and Dunbayne
ЗемјаБританија
ЈазикАнглиски
ЖанрГотски роман

Замоците на Атлин и Данбајн (англиски: The Castles of Athlin and Dunbayne) е готски роман од британската писателка, госпоѓа Ен Редклиф, за првпат објавена во 1789 од Томас Хукам. Случувањата во романот се сместени во моќен пејзаж што станува препознатлив во подоцнежните дела на госпоѓа Редклиф, со сложен клан на феудалци и мистериозни романтични интриги одиграни во уништени средновековни замоци. Секој од ликовите може да биде дефиниран по нивната страст: Ерл од Атлин, Осберт, е воден од страствената желба за одмазда на убиството на неговиот татко од раката на Малколм, баронот од Данбајн. Неговата сестра, Мери, се обидува да и одолее на страста кон Ејлин, велесопственик, но не од благородничко потекло (и според тоа воопшто невреден). Ејлин е воден од неговата страст за херојски подвизи со што би ја покажал својата љубов кон Мери. А пак Малколм е воден од неговата страст да го убие Осберт; неговиот подоцнежен подплан покажува дека неговата поголема страст е да ја поседува Мери. Иако страста на протагонистите доминира над заплетот, замоците и насловот се во центарот на раскажувањето, обезбедувајќи оригинална готска атмосфера.