Прејди на содржината

Замок Шарошпатак

Од Википедија — слободната енциклопедија
Замок Шарошпатак

Замок Шарошпатак (унгарски: Sárospataki vár) е средновековен замок, најважен споменик на градот Шарошпатак.

Историја на замокот

[уреди | уреди извор]

Овој замок, изграден во 13 век, сместен е во северниот дел на винородната регија Токај, по должината на брегот на реката Бедрог, покрај денешната граница со Словачка. Унгарскиот богаташ Петер Перењи потполно го обновил и направил од него лускузна ренесансна резиденција наложувајќи му на италијанскиот архитект Алесандро да Ведан да го надгледува проектот. Изградбата започнала во 1534 година, а после петеровата смрт ја завршил неговиот син Габор. Кога во 1567 година умрел Габор, не оставајќи зад себе директние наследници, дворецот се нашол во рацете на Ѓерѓ Ракоци, кој во 1616 година го преуредиол во мал, но прекрасен дворец. Ракоци го украсил дворецот и да живее во него дури и кога во 1630 бил избран за ердељски кнез. Кнежевството само формално било вазал на Османлиското царстви и Ракоци се обидел да ја задржи независноста воспоставувајќии краина помеѓу Австријанците и Турците. Ференц II Ракоци, роден во 1676 година, ја продолжил таа политика против Австрија, која на крајот на 17-от век ја освоила Унгарија и Трансилванија (Ердељ), поразувакќи ги Турците. Барал помош од кралот Сонце, а од 1703 до 1711 година ја предводил противавстријската буна наречена Куручко востание.

Тврдина

Во тој период, многу непријатели на Австрија го признале Ракоциј како принц регент на Унгарија, па дворецот Шарошпатак примил многу странски пратеници кои биле акредитирани на тој двор. Кога Австријците конечно успеале да го задушат востанието, Ракоци морал да го напушти дворецот и да замине во азил. Се преселил во Франција и живел во Версај со своите најверни соборци кои одбиле да го напуштат. Неговите луѓе се придружиле на силите на Луј 14 и станале инструктори на лесна коњица: познати хусари. Дворецот Шарошпатак, напуштен долга низа години, практично пропаднал. Во 19-от век, прво го купило семејството Бреценхајм, а потоа семејството Виндишграц. Бил спасен благодарејќи на темелно реставраторска работа.

Дворецот гледа на делот кој се нарекува „Унгарски Кембриџ” и „Бодрошка Атина” и комбинира архитектура на големи тврдини со одлики на унгарски езиденции: шилести, кружни кули, дебели ѕидови, логи и дворишта со серлијански прозорци (според италијанскиотархитект Себастијан Серли). Градбата започнала во 1534 година, а најстариот дело е импресивна градба позната како Црвена кула, која може да се пофали со стилски елементи на готика и доцна ренесанса. Горните катови на западното, северното и јужното крило изградени се за време на Ѓерѓ Ракоци,ердељскиот кнез, и неговата жена Сузана Лорантфи. Засводената лоѓа која ја поврзува кулата со западното крило и скалиштето изградени се во 1646 година, а тајниот балкон датира од 1651 година. Дворецот пропаднал пред крајот на 17 век. После тоа обновен е и се гордее со извонредната доцноренесансна лоѓа Лорантфи, Принчевата палата и со библиотеката. Старата црква е изградена во 14 век и еден е он највеличенствените примери на унгарската готика. Нејзините ѕидови се украсенис о слики на Франц Антон Маулберч, а познати се и барокните оргули, како и дрвениот олтар. Данес таму се наоѓа збирка на меморабили поврзани со историјата на Ракоци, како и предмети поврзани со лозарство и производство на порцелан. Во 19 век семејството Бреценхајм изградило романично прочелје и уредила англиски парк. Семејството Виндишграц подоцна во Црвената кула ја направила капела на св. Елизабета.

Занимливости

[уреди | уреди извор]

На задната страна на банкнота од 500 унгарски форинти од 1998 година се наоѓа слика на дворецот Шарошпатак.

Галерија

[уреди | уреди извор]

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Дворци света/Ђани Гвадалупи и Габријеле Реина (превод Милена Бојовић). Нови Сад, Међународни истраживачки институт за културу: Православна реч, 2008. Замок Шарошпатак.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]