Замок Болеруп

Од Википедија — слободната енциклопедија
Замокот Болеруп
Замок Болеруп

Замокот Болеруп е замок во општина Томелила, Сканија, во јужна Шведска.

Историја[уреди | уреди извор]

Замокот се споменува во пишани извори за првпат во средината на 13 век, но очигледно е постар. Правоаголната главна камена зграда веројатно е производ на спојување на неколку претходни градби, најважната, најверојатно, висока куќа или кула. За време на средниот век, замокот бил важен имот во рацете на влијателни благородни семејства, а комплексот на замокот веројатно бил проширен со ров и други одбранбени средства во тоа време. Замокот ја добил денешната форма во 1460 година. Црквата Болеруп сместена во близина на замокот е дополнителен доказ за раната важност на локацијата.[1]

За време на востанието во 1525 година, замокот бил изгорен. Подоцна бил обновен, но неизбежно започнал период на распаѓање за замокот, кој се споменува како без покрив и соодветни подови сто и педесет години подоцна. Подоцна тој бил претворен во амбар и се користел како таков до средината на 20 век, кога била извршена реставрација.[1]

Денес замокот е дел од средно училиште специјализирано за употреба на природни ресурси.[2]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Поглед од преку ровот

Фасадата на главната зграда на замокот ја одразува неговата бурна историја и е мешавина од средновековни, готски елементи и подоцнежни измени. Покривот кој се протега по должината на работ на јужната фасада, првично служел во битките со соодветен простор за стрелци. Слично на тоа, замокот задржува и средновековен испакнат данкер и траги од неколку надворешни скали, бидејќи во првобитниот замок немало внатрешни скали. Фасадата е украсена со типични готски слепи лакови од тули.[1]

Внатрешно, замокот се одликува со доцни готски и рани ренесансни влијанија. Обновени се неколку големи засводливи простории поддржани од гранитни столбови и украсени со избледени фрески.[1]

Наспроти старата зграда на замокот е крило со слична должина, изградено во неокласичен стил во 1850 година[1]

Во близина на црквата лежи необичната и значајна средновековна црква Болеруп.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Kjellberg, Sven T, уред. (1966). Slott och Herresäten i Sverige: ett konst- och kulturhistoriskt samlingsverk. Skåne, Bd 3, Kristianstads lön (шведски). Allhem. стр. 383–413.
  2. „Bollerup“ (шведски). Bollerups naturbruksgymnasium. Посетено на 24 November 2013.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]