Замбак Издаваштво

Од Википедија — слободната енциклопедија
Логото на Замбак Издаваштво

Замбак Издаваштво (англиски: Zambak Publications или турски: Zambak Yayınları) е издавачка куќа од Истанбул, Турција. Асортиманот на ова книгоиздавателство пред сè се состои од учебници на англиски јазик наменети за различни предмети од областа на природните или општествените науки за наставата во основните и средните училишта, но содржи и скратени и лектирни изданија на повеќе светски класици или книги од турски автори. Изданијата на Замбак, ги користат во наставата турските училишта низ светот, а пример за тоа во Македонија е ПСУ „Јахја Кемал“.[1]

Библиографија[уреди | уреди извор]

  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2008-07-03. Посетено на 2021-08-12.