Залфелд-Рудолштат

Од Википедија — слободната енциклопедија
Залфелд-Рудолштат
Landkreis Saalfeld-Rudolstadt

округ
Грб на Залфелд-Рудолштат Landkreis Saalfeld-Rudolstadt
Земја Германија
ПокраинаТирингија
СедиштеЗалфелд
Површина
 • Вкупна1,035 км2 (400 ми2)
Население (31 декември 2020)[1]
 • Вкупно102.139
 • Густина99/км2 (260/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.SLF
Мреж. местоsa-ru.de

Залфелд-Рудолштат (германски: Saalfeld-Rudolstadt) — округ во јужниот дел на сојузната покраина Тирингија, Германија. Соседни окрузи се (од север надесно) окрузите Вајмар, Зале-Холцланд, Зале-Орла, округот Кронах во Баварија и окрузите Зонеберг, Хилдбургхаузен и Илм.

Историја[уреди | уреди извор]

Округот започнува да функционира како амт Залфелд, кој бил создаден во 1868 година, а во 1922 година станал округ (Landkreis). Исто така, во 1922 година бил создаден и округот Рудолштат, вториот историски корен на денешниот округ. Обата округа биле споени со окружната реформа во 1994 година.

Географија[уреди | уреди извор]

Главна река во округот е Зале. Највисока точка е 827 метри надморска височина близу Пизау, додека најниската со 169 метри е во долината на реката Зале близу Нидеркросен.

Грб[уреди | уреди извор]

Грб Бидејќи Залфелд бил главен град на војводството Саксо-Залфелд, саксонскиот грб е прикажан во горната десна и долната лева четвртина на грбот. Другите две четвртини го прикажуваат грбот на принцовите Шварцбург-Рудолштат.

Градови и општини[уреди | уреди извор]

Слободни градови Слободни општини
  1. Бад Бланкенбург
  2. Кенигзе
  3. Лојтенберг
  4. Рудолштат
  5. Залфелд
  1. Алендорф
  2. Алтенбојтен
  3. Бехштет
  4. Дрогниц
  5. Хоенварте
  6. Каулсдорф
  7. Улштет-Кирххазел
  8. Унтервеленборн
Општински заедници

1. Шифергебирге

  1. Грефентал2
  2. Леестен2
  3. Пробсцела1

2. Шварцатал

  1. Курсдорф (Залфелд-Рудолштат)
  2. Десбах
  3. Дешниц
  4. Кацхите
  5. Мојра
  6. Рорбах
  7. Шварцатал1, 2
  8. Шварцбург
  9. Зицендорф
  10. Унтервајсбах
1седиште на општинската заедница;2град

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2021. (германски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 50°40′ N; 11°20′ E / 50.67° СГШ; 11.33° ИГД / 50.67; 11.33