Заложувалница (филм од 1916)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Заложувалница (англиски: The Pawnshop) - американски филм од 1916 година, во режија на Чарли Чаплин, кој е автор и на сценариото и ја игра главната улога, заедно со Една Пурвианс (Edna Purviance), Ерик Кембел (Eric Cambell), Алберт Остин (Albert Austin), Џон Ранд (John Rand) и Хенри Бергман (Henry Bergman).[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Во филмот, Чарли Чаплин го игра човекот кој штотуку се вработува во заложувалница. Уште од првиот ден, тој задоцнува, а потоа, додека ја чисти продавницата, прави голем неред и се тепа со другиот продавач (го игра Ранд). Поради тоа, сопственикот (го игра Бергман) веднаш го отпушта новиот работник, но веднаш потоа му дава втора шанса. Истовремено, новиот работник го привлекува вниманието на сопственикот на продавницата (ја игра Пурвианс). Во продавницата доаѓа еден измамник (го игра Кембел), кој сака да го украде накитот, а за тоа време, новиот работник оди да работи на касата, но тој нема никаква смисла за работа: најпрвин, наседнува на тажната приказна на еден човек и му исплатува пари без да му го земе прстенот; потоа, со доаѓа друг човек (го игра Остин) кој сака да продаде часовник, а работникот целосно го уништува; најпосле, доаѓа жена со сад со риби, а тој сака да стави киселина во водата. Меѓутоа, на крајот, благодарение на својата неспретност, тој успева да го онесвести измамникот, а потоа ја освојува ќерката на сопственикот.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]