Прејди на содржината

Залиха

Проверена
Од Википедија — слободната енциклопедија
залиха на електроника

Залиха (или резерва) го претставува количеството стоки и материјали што ги поседува претрпијатието а кои служат за производство, поправка или продажба.

Управување со залихи е дисциплина првенствено за одредување на обликот и поставување на порибено стока. Потребно е на различни локации во рамките на еден објект или во рамките на многу локации на мрежата за снабдување да му претходат на редовниот и планираниот тек на производство и залихи на материјали. Концептот на залихи, акции или работа во процес е проширен од производните системи до услужните бизниси и проекти, преку генерализирање на дефиницијата за „целата работа во рамките на процес на производство - сета работа што е или се случи пред завршувањето на производството“. Во контекст на производниот систем за производство, инвентарот се однесува на сите работи што се случиле - суровини, делумно готови производи, готови производи пред продажба и заминување од производниот систем. Во контекст на услугите, залихите се однесуваат на целата работа направена пред продажбата, вклучително и делумно процесните информации.

Сметководствена евиденција на залихите

[уреди | уреди извор]

Управувањето со залихите е еден од најважните услови за успешно деловно работење: од една страна, одржувањето на залихите треба да обезбеди континуитет во работењето на претпријатието, а од друга страна, нивната оптимизација овозможува намалување на трошоците во работењето. Вреднувањето на залихите се врши со примена на различни методи, а сметководствениот третман на залихите се уредува со меѓународниот сметководствен стандард 2 — Залихи (МСС 2-Залихи), кој дава насоки за определување на набавната вредност на залихите и нивното натамошно признавање како расход. Стандардот МСС 2-Залихи се применува за сите залихи со исклучок на: производството во тек, финансиските инструменти и биолошките средства во земјоделството. Исто така, овој стандард не се применува на мерењето на залихите на производителите на земјоделски и шумски прозиводи и на брокерите-трговци со стоки кои средствата ги мерат по објективна вредност.[1]

Според меѓународниот стандард МСС 2-Залихи, залихите се средства:[2]

  • кои се чуваат за продажба во редовниот тек на работењето,
  • во процесот на производството наменето за продажба,
  • во вид на суровини или помошни материјали кои ќе бидат употребени во процесот на производство

Залихите треба да се мерат според пониската од набавната или нето-реализационата вредност (проценетата продажна цена намалена за износот на проценетите трошоци на продажбата). Вообичаено, залихите се мерат според набавната вредност, но во некои случаи нето-реализационата вредност може да биде пониска од набавната вредност и тогаш таа се користи за мерење на залихите. Набавната вредност на залихите ги опфаќа сите трошоци за набавка, трошоците за конверзија и сите други трошоци направени за залихите да се доведат до сегашната состојба и до сегашното место. Трошоците за набавка ги опфаќаат: набавната цена, увозните давачки, даноците, трошоците за превоз, за ракување со залихите итн.[3]

За мерење на трошоците на залихите се применуваат неколку методи:[4]

  • ФИФО — прва влезна, прва излезна: Методата ФИФО претпоставува дека залихите кои се најпрвин купени истовремено први се продаваат, односно дека залихите кои остануваат на крајот од периодот се оние кои се произведени или набавени последни. Предност на оваа метода е тоа што крајните залихи се приближно еднакви на тековниет трошоци, но недостаток е тоа што тековните трошоци не се во согласност со тековните приходи.
  • Просечен трошок: Според оваа метода, трошокот на залихите се одредува како просек на трошоците направени за залихите на почетокот на периодот и на залихите направени во текот на периодот. Притоа, постојат два вида просеци: метода на пондериран просек и метода на променлив просек.
  • ЛИФО — последна влезна, прва излезна: Оваа метода претпоставува дека залихите кои се купени или произведени последни, се продаваат први, од што произлегува дека залихите што остануваат на крајот од периодот се оние кои се купени последни. Кога се применува оваа метода, во периодот на пораст на цените, продадените производи ќе имаат поголеми трошоци, а залихите помали, т.е. залихите ќе бидат преценети, а тоа предизвикува намалување на добивката.

За процена на залихите на недовршеното производство се применуваат неколку методи:[5]

  • Апсорпциона метода: Според оваа метода, за вреднување на залихата на недовршените производи и на готовите производи се земаат сите трошоци кои се однесуваат на производството и се увтрдува полната цена на чинење.
  • Метода на директни трошоци: Оваа метода, која уште се нарекува и метода на варијабилни трошоци, ги вреднува залихите само врз основа на варијабилните трошоци, т.е. трошоците кои директно се направени во нивното производство, додека сите други трошоци се покриваат на товар на вкупниот приход. Оваа метода е корисна за контрола на трошоците на производството, но не е прифатлива за финансиското известување и за даночни цели.
  1. „Меѓународен сметководствен стандард 2 — залихи“, Сметководство, ревизија и финансии плус, број 4/2024, стр. 5-6.
  2. „Меѓународен сметководствен стандард 2 — залихи“, Сметководство, ревизија и финансии плус, број 4/2024, стр. 6.
  3. „Меѓународен сметководствен стандард 2 — залихи“, Сметководство, ревизија и финансии плус, број 4/2024, стр. 7.
  4. „Меѓународен сметководствен стандард 2 — залихи“, Сметководство, ревизија и финансии плус, број 4/2024, стр. 14-15.
  5. „Меѓународен сметководствен стандард 2 — залихи“, Сметководство, ревизија и финансии плус, број 4/2024, стр. 18.