Округот бил создаден во 1994 со спојување на претходните окрузи Ајзенберг, Јена и Штатрода. Кога округот Рода (подоцна Штатрода) бил првично создаден во 1922 веќе ја покривал скоро целата површина на денешниов округ. Во 1952, заедно со укинувањето на сојузните покраини (Bundesländer) округот бил поделен на три дела, кои биле споени заедно повторно во 1994.
Главна река во округот е Зале, која му го дала и името. Највисока точка со 475 метри надморска височина е во јужниот дел на округот, најниската со 118 метри е во долината на Зале на границата со округот Вајмар.
Во левата половина на грбот е сребрената лента како симбол на грофовите од Лобдебург, кои ја поседувале долината на Зале во 13 век. Долу е лавот на грофовите од Орламинде, опкружен од шест срца. Нивното грофство преминало во сопственост на династијата Ветин во 1396. Грбот на Саксонија во десната половина е истиот оној како грбот на Ветин, бидејќи подоцна тие станале владетели на Саксонија. Грбот бил донесен на 18 август 1997.