Зале-Унштрут

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лозја кај Фрајбург.

Зале-Унштрут (германски: Saale-Unstrut) — регион за квалитетно вино во Германија,[1] и го добил името од реките Зале и Унштрут. Регионот се наоѓа на различни ридски падини околу овие реки. Поголемиот дел од регионот, околу 685 хектари во 2008 под винова лоза[2] се наоѓа во покраината Саксонија-Анхалт и околу 20 хектари во покраината Тирингија.

Географија и клима[уреди | уреди извор]

Зале-Унштрут е најсеверниот вински регион во Германија и еден од најсеверните традиционални вински региони во Европа. Вината од опатијата Мемлебен биле спомната во литературата уште во 998 година.[1] Поради постудената клима Шпетлезе или Ауслезе може да се произведуваат само во исклучително топли години и приносите се генерално слаби.

Регионот во округот Бургенланд има вински пат, кој бил отворен во 1993.

Видови грозје[уреди | уреди извор]

Најпознатите видови на грозје се белите видови Милер-Тургау, на 126 хектари или 18,4% од лозовите насада во 2008 и Вајсбургундер (Пино блан) на 12,1%.[2] Белите видови грозје се присутни на 74% од плантажите во Зале-Унштрут. Видовите како Милер-Тургау и Силванер, кои насекаде се сметаат дека даваат вино со просечен квалитет, понекогаш се сметаат дека даваат подобри вина во ладна клима како во Зале-Унштрут. Вината се прават од една сорта вина, како повеќето германски вина и генерално се винифицираат суви со освежувачка киселост, што резултира од растењето во ладни услови.

Најмногу засадени видови грозје, по површина во 2008, биле:[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Wein.de (Германско земјоделство друштво): Зале-Унштрут Архивирано на 30 октомври 2007 г., read on January 2, 2008
  2. 2,0 2,1 „Германски вински институт: Статистика за германското вино 2009/2010“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-07-26. Посетено на 2011-12-04.
  3. Употреба на обработливата површина - Површини под лозје. Висбаден, Германија: Statistisches Bundesamt. 2008. Архивирано од изворникот на 2011-08-12. Посетено на 2011-12-04.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]