Закон за привлечност

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Законот за привлечност е називот кој се поврзува со верувањето дека „сличното привлекува слично“ и дека со фокусирање на позитивни или негативни мисли, една личност може да предизвика позитивни или негативни резултати.[1][2][3][4] На пример, ако едно лице отвори коверт очекувајќи да види сметка, тогаш во согласност со законот за привлечност, ковертот „ќе ги потврди“ тие мисли и така кога ќе го отвори, внатре ќе има сметка. Личноста што наместо тоа одлучила да очекува чек, може според истиот закон, да најде чек наместо сметкa.[5]

И покрај тоа што има некои случаи кога позитивните или негативните ставови можат да произведат соодветни резултати (главно плацебо и ноцебо ефекти), не постои научна основа за законот за привлечност.[6]

Историја[уреди | уреди извор]

Томас Тровард,кој имаше силно влијание во движењето на Новата мисла, тврди дека мислата и претходи на физичката форма и дека „дејството на умот го поставува јадрото кое, ако му се дозволи да се развива непречено, на крајот ќе ги привлече сите потребни услови за неговото манифестирање во надворешно видлива форма“.[7]

Во 1906 година, Вилијам Вокер Еткинсон (1862-1932г.) го употреби изразот во неговата книга за движењето на „Новата мисла“ со наслов Вибрација на мислата или законот за привлечност во светот на мислите, велејќи "сличното привлекува слично."[8] Следната година, Елизабет Таун, уредник на весникот на „Новата мисла“ The Nautilus Magazine, ја објави книгата на Брус Меклеланд за теологија на просперитетот со наслов Просперитет преку силата на мислата, во која тој го сумира принципот, велејќи: "Ти си тоа што мислиш, не тоа што ти мислиш дека си" [9]

Книгата "Науката за збогатувањето" на Валас Д. Ватлс поддржува слични принципи – дека вистинското верување во предметот на својата желба и фокусирањето на него ќе доведе до тоа да тој предмет или цел се реализира на материјалното ниво (Ватлс укажува во предговорот и во понатамошните поглавја дека неговата премиса произлегува од монистичкото хинду гледиште дека Бог исполнува сè и може да ни го донесе она на што се фокусираме). Покрај тоа, книгата исто така покажува дека негативното размислување ќе манифестира негативни резултати.[10]

Ричард Вајс објаснува во неговата книга „Американскиот мит за успех“ дека во текот на движењето на „Новата мисла“, "принципот на ненасилство" беше популарен концепт во комбинација со законот за привлечност.[11]

Изразот "закон за привлечност" се појавува во делата на теозофските автори Вилијам Кван Џаџ во 1915 година,[12] и Ени Бесант во 1919 година.[13] Бесант ја спореди нејзината верзија на "законот за привлечност" со гравитација, и рече дека законот претставува една форма на карма.[14]

Израел Регарди објави многу книги на тема законот на привлечност како еден од доминантните универзални закони. На неговата книга „Уметноста на вистинското исцелување“ напишана во 1937 година целосниот наслов е "Уметноста на вистинското исцелување, расправа за механизмот на молитвата и работењето на законот за привлечност во природата". Книгата не учи на една техника на фокусирана медитација која му помага на умот да научи да се лекува на физичко и на духовно ниво.Регарди продолжува со објаснувањето дека законот за привлечност не е само валиден метод за привлекување добра физичка здравствена состојба, но е применлив во потрагата по било кој аспект од животот кој би сакале да го видите променет.

Наполеон Хил има издадено две книги на оваа тема.Првата е Законот за успех во 16 лекции (1928 година) што директно и постојано упатува на законот за привлечност и ја искажува можноста дека тој работи со употреба на радио бранови пренесени од мозокот. Потоа во 1937 година, ја издава Мисли и збогати се која стана една од најпродаваните книги на сите времиња, со продажба на повеќе од 60 милиони примероци.. Во оваа книга, Хил дискутира за тоа колку е важно да се контролираат соствените мисли за да се постигне успех, како и енергијата што мислите ја имаат и нивната способност да привлечат други мисли. На почетокот на книгата, Хил спомнува некоја „тајна“ на успехот, и ветува дека индискретно ќе ја опишува барем по еднаш во секое поглавје на книгата. Таа никогаш не е спомната директно затоа што тој вели дека е многу покорисно секој сам да ја открие. Многу луѓе се расправаат околу тоа што всушност е тајната, со тоа што некои тврдат дека тоа е законот за привлечност. Хил вели дека „тајната" на која упатува се споменува не помалку од сто пати, но „привлекување" се користи помалку од 30 пати во текстот. Повеќето студенти за книгата тврдат дека тајната е скриена во насловот: РАЗМИСЛИ (т.е. мисли). По ова, книгата Три магични зборови (1954 година), од американскиот автор У.С. Андерсон стана предвесник за претставување на фазите на информациите за потсвесниот ум и законот на привлечност.[15]

Тајната (2006 година) е филм врз основа на законот за привлечност. Потоа тој прерасна во книга со истиот наслов во 2007 година. Филмот и книгата се здобија со широко распростането внимание од медиумите како и од Saturday Night Live до The Oprah Winfrey Show во САД.[1]

Успехот на филмот и разни книги доведоа до зголемена застапеност во медиумите. Опра Винфри посвети две епизоди од нејзиното шоу на разговори за филмот и законот за привлечност. .[3][4] Ток шоу водителот Лери Кинг исто така, во својата емисија водеше дискусија за филмот со Боб Солис но го критикуваше поради неколку причини. Тој укажа на страдањата во светот и праша: "Ако универзумот манифестира изобилство едноставно преку мислата, зошто постои толку многу сиромаштија, глад и смрт?"[се бара извор]

Во август 2008 година, книгата на Естер и Џери Хикс Парите и законот на привлечност: учење како да се привлече здравје, богатство и среќа се појави на листата на бестеселери на New York Times.[16]

Прифаќање на идејата[уреди | уреди извор]

СписаниетоSkeptical Inquirer го критикуваше недостатокот на способноста да се одлучи дали теоријата за законот за привлечност е лажна или може да биде поддржана со податоци од реални искуства.[5]Критичарите тврдат дека изложените докази се обично анегдотскии дека, поради самоизбирачката природа на позитивните искази, како и субјективната субјективната природа на какви било резултати, овие искази се под влијание на пристрасноста при вршењето селекција и тенденцијата на луѓето да ги фаворизираат информациите кои ги потврдуваат нивните верувања.[17] Физичарот Али Алуси, ,на пример, ги критикува како нешта кои се немерливи и се сомнева во веројатноста дека мислите можат да влијаат на нешто што се наоѓа надвор од главата.[1]

Во последниве години законот за привлечност е популаризиран преку книги и филмови како што е Тајната. Овој филм, а потоа и книгата [18] користат интервјуа со автори и говорници на „Новата мисла“ за објаснување на принципите на еден наводно метафизички закон според кој едно лице може да привлече било што на кое што мисли постојано. За Комитетот за скептични истражувања (Committee for Skeptical Inquiry), Мери Кармајкл и Бен Редфорд напишаа дека "ниту филмот, ниту книгата немаат никаква основа во научната реалност", и дека нивната премиса содржи " друга грда страна: ако ви се случи некоја несреќа или болест, тоа е ваша вина." Тие прашаа: "Ако авион се урне, дали тоа значи дека еден или повеќе од патниците сами си го предизвикале тоа? Дали војниците убиени во Ирак едноставно не размислуваат доволно позитивно?" [5]

Други се сомневаат во поврзаноста со модерната научна теорија, и го задржаа ставот, на пример, дека законот за привлечност погрешно ја претставува електричната активност на мозочните бранови.[19] Виктор Стегнер и Леон Ледермен ги критикуваат обидите да се користи квантниот мистицизам за премостување на било кои необјаснети или навидум неуверливи ефекти, верувајќи дека овие се особини на модерната псевдонаука.[20][21][22] За New York Times, Вирџинија Хефернан ја карактеризира Тајната како "серија на погрешни цитати ... и измамнички максими" која и покрај тоа "ја носи [неа] на среќно место".[23]


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Whittaker, S. Secret attraction, The Montreal Gazette, May 12, 2007. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „gazette“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  2. Redden, Guy, Magic Happens: A New Age Metaphysical Mystery Tour, Journal of Australian Studies: 101
  3. 3,0 3,1 „The Law of Attraction: Real-Life Stories - Oprah.com“. oprah.com. конс. November 8, 2010. 
  4. 4,0 4,1 „Go Beyond 'The Secret' - Oprah.com“. oprah.com. конс. November 8, 2010. 
  5. 5,0 5,1 5,2 Mary Carmichael and Ben Radford. „CSI | Secrets and Lies“. Csicop.org. конс. 2012-05-16.  Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „csicop.org“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  6. Carroll, Robert Todd (12 September 2010). „law of attraction“. The Skeptic's Dictionary. конс. 7 September 2012. 
  7. Judge Thomas Troward, “The Edinburgh Lectures on Mental Science,” 1904.
  8. William Walker Atkinson. Thought Vibration or the Law of Attraction. Advanced Thought Publishing. 1906. Out of Copyright version
  9. MacLelland, Bruce, Prosperity Through Thought Force, Elizabeth Towne, 1907
  10. „The Science of Getting Rich - Wikisource“. En.wikisource.org. конс. 2011-12-18. 
  11. The American Myth of Success. Illini Books. 1969. стр. 169. 
  12. Judge, William Quan (1915). The Ocean of Theosophy. United Lodge of Theosophists. стр. 103. ISBN 0-7661-0544-X. 
  13. Popular Lectures on Theosophy. Theosophical Publishing House. 1919. стр. 103–104]. ISBN 0-524-03475-3. http://ia700202.us.archive.org/4/items/popularlectureso00besaiala/popularlectureso00besaiala_bw.pdf. 
  14. Annie Besant (First Edition 1895). „Karma“. THE THEOSOPHICAL PUBLISHING HOUSE. конс. 16 May 2012. 
  15. Book Review: Three Magic Words By U. S. Andersen By Rev. Melissa Leath.
  16. NY Times Bestseller information August 31, 2008“, Nytimes.com, 31 август 2008 (посет. 18 декември 2011 г).
  17. Kaptchuk, T., & Eisenberg, D.. The Persuasive Appeal of Alternative Medicine. „Annals of Internal Medicine“ том  129 (12): 1061–5. PMID 9867762. 
  18. Byrne, Rhonda (2006). The Secret. Beyond Words Publishing. ISBN 978-1-58270-170-7. 
  19. Scientific American; Jun2007, Vol. 296 Issue 6, p39-39: and the same article online Scientific American Magazine, June 2007; article entitled "The (Other) Secret" page 1 http://www.sciam.com/article.cfm?id=the-other-secret
  20. Cosmic Mind pages 8 through 19 http://www.colorado.edu/philosophy/vstenger/Quantum/01CosmicMind.pdf
  21. The God Particle: If the Universe is the Answer, What is the Question - pages 189 to 198 by Leon Lederman with Dick Teresi (copyright 1993) Houghton Mifflin Company
  22. Non-science posing as science; Stanford Encyclopedia of Philosophy http://plato.stanford.edu/entries/pseudo-science/#NonSciPosSci
  23. Грешка во шаблонот: потребен е наслов на аргументот.