Прејди на содржината

Закон за заштита на државата на Царство Бугарија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Закон за заштита на државата на Царство Бугарија ― правен акт изгласан во Народното собрание на Бугарија на 25 јануари, 1925 година, со кој што било озаконета репресијата врз учесниците на Септемвриското востание од 1923 година.[1]

Употреба на законот во период потоа

[уреди | уреди извор]

Во март 1924 година, биле извршени измени на законот, при што биле зголемени санкциите за оние случаи во кои што имало предвидено смртна казна. Во 1941 и 1943 година биле извршени нови измени и дополнувања, со образложение дека законот не е доволно ефикасен во новосоздадените воени и политички услови во Бугарија.[1]

Со овие измени значително биле зголемени и дотогаш острите санкции и биле предвидени нови казни. Овој закон е применуван од страна на воено-преките судови при судењето на политичките затвореници во Македонија под бугарска окупација од 1941 до 1944 година.[1]

  1. 1,0 1,1 1,2 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 185. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)