Закон за зачувување на енергијата

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Законот за зачувување на енергијата кажува дека вкупната количина на енергија во еден затворен систем останува постојана. Последица од овој закон е тоа што енергијата не може да се создаде, ниту да се уништи. Единственото нешто што може да и се случи на енергијата во затворен систем е менување на нејзината форма, како на пример, менување на кинетичка во топлинска енергија.

Теоријата на релативност на Алберт Ајнштајн покажува дека енергијата може да се претвори во маса (маса на мирување) и обратно. Според ова, ниту масата, ниту чистата енергија не се зачувуваат одделно, што било нашироко прифатено во предрелативистичката физика. Денес, зачувувањето на енергијата се однесува на зачувувањето на вкупната маса-енергија, што ја вклучува и енергијата на масата на мирување. Затоа, во еден изолиран систем, масата и "чистата енергија" може да се претворат една во друга, но вкупната количина енергија (која ја вклучува и енергијата на масата на системот) останува постојана.

Друга последица од овој закон е дека постојано движечките машини можат да работат постојано само доколку тие не оддаваат енергија на нивната околина. Ако таквите машини произведуваат повеќе енергија отколку што се придодава на нив, тие мораат да губат од својата маса, што ќе доведе до нивно исчезнување во постојаното време, па според ова тие се невозможни.