Закатон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Зактонски понор.
Зактонски понор.

Закатон (шпански: Zacatón) е дупка или бездна исполнета со термална вода која припаѓа на група невообичаени карстни одлики во сојузната држава Тамаулипа во Мексико . Таа е една од најдлабоките познати дупки наполнети со вода во светот со длабочина од 339 метри. Длабочината е измерена со помош на робот.[1].

Хидрогеологија[уреди | уреди извор]

Закатон е само еден од бројните бедзни и други карстни одлики во регионот. Тука има неколку пештери. Овие јами почнале да се формираат за време на периодот плеистоцен како резултат на вулканска активност [2]. Водата го раствора варовникот кој е на врвот на бездната.

Маи[уреди | уреди извор]

Понекогаш луѓето Маи го користеле овој дел како еден вид светилиште. Тука принесувале жртви кон својот бог на дожд, наречен Чач (митологија). Според нивната митологија, богот Чач живее во оваа бездна. Ова, наводно, е влезот во подземниот свет. Некои нуркачи денес, кога влегуваат во бездната, чувствуваат нечие присуство близу до себе. Затоа, оваа бездна се смета за „опседната“.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "GaryDEPTHX">Gary, Marcus; Fairfield, Nathaniel; Stone, William C; Wettergreen, David; Kantor, George A.; Sharp Jr, John M. (2008). „3D Mapping and Characterization of Sistema Zacatón from DEPTHX (DEep Phreatic THermal eXplorer)“. Proceedings of KARST08: 11th Sinkhole Conference ASCE. Посетено на 7 јануари 2011.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  2. System[мртва врска]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]