Заедничка надворешна и безбедносна политика на Европската Униja

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Заедничка надворешна и безбедносна политика на Европската Унија (CFSP-ЗНБП) претставува главна платформа за развивање и спроведување на политичка и дипломатската димензија на надворешната политика на ЕУ. Основана во почетокот на 1990-тите години со Договорот од Мастрихт како продукт од релативно слабата компонента на институционалната мрежа на ЕУ, ЗНБП постепено добива сила во последните децении. Високиот претставник и Европската служба за надворешни работи (ЕЕАЅ-ЕСНР) се моменталните главни актери за спроведување на ЗНБП. Но, сепак земјите-членки претставеници на Советот на ЕУ и Европскиот совет ја имаат контролата врз одлуките и активностите на надворешните политики развиени од ЗНБП. Не постои општа, правна надлежност на ЕУ за спроведување надворешна политика преку ЗНБП како главен актер независен од земјите-членки.

Историја[уреди | уреди извор]

Мастрихшки договор[уреди | уреди извор]

По распадот на Советскиот Сојуз и крајот на Студената војна, безбедносниот систем и меѓународниот поредок на светот, а особено во Европа, значително се промени ја. Многу западно-европски земји веќе донекаде ја имаа интегрирано нивната безбедносна и надворешна политика преку НАТО и Европската Политичка соработка (EPC). По навршување на 1991 година, сепак се почуствувало потреба од нов и поинаков пристап во надворешната политика на ЕУ.

Договорот од Мастрихт (или исто така познат како Договорот на Европската унија), кој стапува во сила во 1993 година, воведува систем со три столба за институционалното функционирање на Европската унија. Трите столба се: Столбот на Европската заедница и Столбот за Правда и Внатрешни работи, Столбот на Заедничка надворешна и безбедносна политика, тие се дизајнирани да се грижат за надворешната политика и воените прашања. Последниот столб бил базиран на меѓувладиниот сектор, наспроти институционалната природа на другите два столба кои се базираат на наднационализмот. Заради меѓувладината природа на ЗНБП, тие бараат едногласност во одлучувањето и даваат многу малку слобода да имаат влијание наднационалните институции на ЕУ (на пример, Европската комисија, Европскиот парламент).

Со Договорот од Мастрихт ЕУ добива правна основа за решавање на надворешна политика  и надворешна безбедносна политика. Колективноста и ефективноста политики на Европската унија, сепак, биле далеку од постигнати. Заедничка политика во која било област има потреба заеднички институционални структури во кои може да се одвива заедничка координација и соработка. Недостатоците на заедничките соработки како и на овој договор се истакнуваат за време на конфликтите на Балканот во раните 90-ти години на кои ЕУ имаше исклучително незадоволителен одговор.

Амстердамски договор

Договорот од Амстердам, кој стапува во сила во 1999 година, произведе неколку важни правни промени во врска со ЗНБП. Нов пост - Високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика бил формиран, а поранешниот генерален секретар на НАТО Хавиер Солана беше негов прв застапник. Гласовите од квалификуваното мнозинство биле воспоставени како како постапка за донесување одлуки за ЗНБП. Дополнително, било воведено "конструктивно апстинирање", давајќи им можност на земјите-членки да се воздржат од гласање без да ја блокираат конечната одлука, истовремено не се обврзани да ја применат изгласаната одлука.

На Европскиот совет во Келн, одржан во 1999 година, била претставеноа Европска Политика за Одбрана и Безбедност.

Лисабонски договор[уреди | уреди извор]

Договорот од Лисабон стапува во сила во 2009 година и со овој договор се става крај на Столбниот систем воспоставен со Договорот од Мастрихт. Понатаму, во обид да се обезбеди поголема координација и конзистентност во надворешната политика на ЕУ, Лисабонскиот договор назначува еден висок претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика, спојувајќи ги високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика и европскиот комесар за надворешни односи и европска соседска политика во една само една функција. Од декември 2011 година, Високиот претставник е одговорен за Европската служба за надворешни работи (EEAS), која исто така е креирана со Договорот од Лисабон. EEAS во суштина е наменета да биде заедничко Министерство за надворешни работи или дипломатски тело за Европската Унија. Европската политика за одбрана и безбедност била преименувана во „Заедничката одбранбена и безбедносна политика“ и процесите на донесување одлуки стануваат полесни во некои околности, особено со создавањето на нов механизам за "постојана структурирана соработка" (PESKO).

Клучните институции[уреди | уреди извор]

Европски совет[уреди | уреди извор]

Политичката улога на Европскиот Совет вообичаено е насочена кон поставување на широки политички цели и одговарање на предизвиците кога потребна примена на политички одлуки. Вообичаено Европскиот Совет не се вклучува во ракувањето со детални политички прашања.

Членот 26 од ДЕУ[1] (договори на ЕУ) гласи: "Европскиот совет ги идентификува стратешките интереси на Унијата, ги утврдува целите и ги дефинира општите насоки за заедничка надворешна и безбедносна политика, вклучитејќи и  прашања поврзани со одбрана".

Членот 15.6 од ДЕУ[2] гласи: "Претседателот на Европскиот совет, на негово ниво и во неговата максимална можност, ќе обезбеди надворешно застапување на Унијата за прашањата што се однесуваат на нејзината заедничка надворешна и безбедносна политика".

Совет за надворешни работи[уреди | уреди извор]

Главното институционално тело на ЗНБП е Советот за надворешни работи (FAC-СНР). Со СНР претседава Високиот претставник и е единствениот Совет на министри (Совет на Европската унија) кој не го ротира својот претседавач заедно со ротирачкото претседателство на Советот на Европската унија. СНР се состанува редовно - барем еднаш месечно - и повеќето своите одлуки ги донесува според правилото на едногласност. СНР го советува Комитетот за политички и безбедносни прашања (PSC-КПБ), кој е одговорен за секојдневното функционирање на ЗНБП. Со КПБ претседава службено лице назначено од Европската служба за надворешни работи и претежно се состанува два пати неделно. Други релевантни комисии се: Воениот комитет на Европската унија и Комитетот за цивилни работи за управувањето со кризи.

Високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика.[уреди | уреди извор]

Статија Високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика

Европска служба за надворешна акции[уреди | уреди извор]

ЕЕАS-EСНА е обезбедена со Лисабонскиот договор според член 27 (3)[3] од ДЕУ:

"Со цел да го исполни неговиот мандат, Високиот претставник ќе биде потпомогнат од страна на Европска служба за надворешни работи. Службата работи во соработка со дипломатските служби на земјите-членки и ги опфаќа службениците од соодветните оддели како Генералниот секретаријат на Европскиот Советот и на Европската Комисијата, како и персоналот одреден од националните дипломатски служби на земјите-членки."

ЕСНА е одговорна за развивање и спроведување на надворешната политика и мисиите на ЕУ и за обезбедување на надворешните политики на ЕУ како целина дека се кохерентни и координирани. Околу 140 делегации на ЕУ и меѓународни организации се во рамките на ЕСНА.

Европската комисија[уреди | уреди извор]

Високиот претставник, кој е потпретседател на Европската комисија, го има второстепенито глас за време на Советот за надворешни работи. Влијанието на Комисијата врз ЗНБП не е директно, но индиректното влијание останува значајно поради силните овластувања на Комисијата во областите како што се трговијата и развојната помош[4].

Европскиот парламент[уреди | уреди извор]

Според член 36 од ДЕУ[5], високиот претставник е обврзан "редовно да се консултира со Европскиот парламент за главните аспекти и основните избори" на ЗНБП и ЗБОП (Заедничка безбедноста и одбранбена политика) и да го информира за тоа како овие политики се развиваат. Тој има обврска постојано да бидат соодветно земени во предвид ставовите на Европскиот парламент ".

Земјите-членки[уреди | уреди извор]

Членот 32 од ДЕУ[6] наведува:

"Земјите-членки се консултираат меѓусебно во рамките на Европскиот совет и Советот за секое прашање на надворешна и безбедносна политика од општ интерес, со цел да се утврди заеднички пристап. Пред да преземе било какви дејства на меѓународната сцена или да преземат какви било обврски кои би можеле да влијаат на интересите на Унијата, секоја земја-членка треба да се консултира со другите во рамките на Европскиот совет. Земјите-членки треба да обезбедат ( преку низа на своите активности) взаемна солидарност со цел да ги потврдат интересите и вредностите на Унијата на меѓународна сцена."

ЗНБП инструменти[уреди | уреди извор]

Оперативени[уреди | уреди извор]

ЗНБП на ЕУ функционира преку голем број на оперативни инструменти кои најчесто ги презема од Советот за надворешни работи. СНР ги спроведува "општите насоки и стратешките линии" (член 26 ДЕУ[7]) обезбедени од Европскиот совет. Дополнително, СНР превзема Одлуки, со кои се дефинираат и спроведуваат активности или позиции на Европската Унија. Имплементацијата на рестриктивните мерки (вклучувајќи санкции) е уште еден многу важен инструмент кој во зависност од нивната природа, се спроведува во рамката на ЗНБП од страна на СНР.

Декларативни[уреди | уреди извор]

Во рамката на ЗНБП, Советот може да донесе заклучоци кои може да бидат усвоени од Европскиот совет и СНР. Тие формално би го презентирале ставот на Европската унија и имаат повеќе декларативна тежина од самите декларации и изјави. Последните два вообичаено се обраќаат од страна на Високиот претставник во име на ЕУ како целина.

Цели[уреди | уреди извор]

Согласно член J.1 од наслов V од Договорот од Мастрихт[8], Европската унија дефинира и имплементира заедничка надворешна и безбедносна политика која ги опфаќа сите области на надворешната и безбедносната политика чии цели се:

• Заштита на заедничките вредности, фундаментални интереси, независност и интегритет на Унијата во согласност со принципите на Повелбата на Обединетите нации.

• Зајакнување на безбедноста на Унијата на сите начини.

• Зачувување на мирот и зајакнување на меѓународната безбедност, во согласност со принципите на Повелбата на Обединетите нации, како и принципите на Завршниот акт од Хелсинки и целите на Париската повелба, вклучувајќи ги и оние од надворешните граници.

• Промовирање на меѓународна соработка.

• Развивање и консолидирање на демократијата и владеењето на правото, како и почитувањето на човековите права и основните слободи.

Понатамошно читање[уреди | уреди извор]

Josifovic, Ivica, and Zlatko Keskoski. "European\Common Security and Defence Policy after the Lisbon Treaty: European but not Common." (2015)

Nikodinovska Krstevska, Ana. "Мирот како вредност на надворешната политика на Европската унија." Списание на научни трудови Петта меѓународна конференција конференција „Меѓународен дијалог: Исток–Запад “(Култура, Славјанство и Економија 1.5 (2014): 73-76.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Article 26". www.lisbon-treaty.org (en-gb). конс. 2018-07-19. 
  2. "Article 15". www.lisbon-treaty.org (en-gb). конс. 2018-07-19. 
  3. "Article 27". 
  4. Buonanno, Laurie, and Neill Nugent. Policies and Policy Processes of the European Union. Macmillan International Higher Education, 2013, p 282.
  5. "Article 36". www.lisbon-treaty.org (en-gb). конс. 2018-07-19. 
  6. "Article 32". www.lisbon-treaty.org (en-gb). конс. 2018-07-19. 
  7. "Article 26". 
  8. "Treaty on European Union (consolidated version)#Title V: Provisions on a common foreign and security policy#Article 11#Article J.1 - EU Treaty (Maastricht 1992), CELEX1". publications.europa.eu. 1992-02-07. конс. 2018-07-19.