Задолжбина за историски места на Нов Зеланд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Задолжбина за историски места
на Нов Зеланд
New Zealand Historic Places Trust
Лого на Задолжбината за историски места на Нов Зеланд
ЦелЗаштита на објекти од културно-историско значење во Нов Зеланд
СедиштеЕнтримски Дом, Булкот Стрит
МестоВелингтон, Нов Зеланд
РегионНов Зеланд
ПретседателЏон Акланд
Главно телоОдбор на доверители
ПрипадностМинистер за уметности, култура и културно наследство
Министерство за култура и културно наследство
Служба за заштита на природата
Те Пуни Кокири
Мреж. местоhttp://www.historic.org.nz/

Задолжбина за историски места на Нов Зеланд (англиски: New Zealand Historic Places Trust, маорски: Pouhere Taonga) — непрофитна задолжбина кој се залага за заштита на родовски наледни места и објекти од културно-историско значење во Нов Зеланд. Основан е според Законот за историски места од 1954 г. и има за цел да „...се залага за распознавање, заштита, зачувување и конзервација на историското и културно наследство на Нов Зеланд.“

Со задолжбината управува одбор на доверители, чиј моментален претседател е Џон Акланд, како и Совет за маорско наследство (Māori Heritage Council), чиј моментален претседател е Туму те Хеухеу. Централната управа е сместена во Ентримскиот Дом во Велингтон, со подрачни и месни ограноци во Керикери, Окленд, Тауранга, Велингтон, Крајстчерч и Данидн.

Организацијата го издава тримесечникот New Zealand Heritage.

Меѓу објектите во сопственост на задолжбината се вбројуваат Мисионерскиот Дом, Камената Продавница и мисиноерскиот дом Те Ваимате.

Регистар[уреди | уреди извор]

Регистарот на историски места е поделен на четири главни делови:

  • Историски места
  • Историски подрачја
  • Свети маорски места
  • Свети маорски подрачја

Историските места се распоредени во две категории:

  • Категорија I - „...места од особено или инзвонредно историско или културно значење или вредност.
  • Категорија II - „...места од историско или културно значење или вредност.

Совет за маорско наследство[уреди | уреди извор]

Советот за маорско наследство работи во рамките на Задолжбината за историски места на Нов Зеланд и е основан со Законот за историски места од 1993 г. Функциите на советот[1] се следниве:

  • заштита и регистрација на свети места и свети подрачја
  • помагање на Задолжбината за да срочи и одразува двокултурни погледи при примената на неговите надлежности и функции
  • укажување на помош на маорски семејства, подродови (хапу) и родови во зачувувањето и управувањето со нивните наследни ресурси
  • разгледување на препораки во врска со археолошки наоѓалишта
  • застапување на интересите на Задолжбината и Советот кои се однесуваат на маорското наследство на било кој јавен и маорски форум.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Совет за маорското наследство - Задолжбина за историски места“. Посетено на 26 април 2009. (англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]