Прејди на содржината

Задоволство (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Задоволство (француски: Le Plaisir) — француски филм од 1952 година, во режија на Макс Офилс (Max Ophüls), кој е автор и на сценариото, заедно со Жак Натансон (Jacques Natanson). Филмот претставува екранизација на три раскази на Мопасан: „Маска“ (Le Masque, 1889), „Дуќанот на Теље“ (La Maison Tellier, 1881) и „Модел“ (Le Modèle, 1883). Главните улоги ги толкуваат: Жан Габен (Jean Gabin), Даниел Дариу (Danielle Darrieux) и Симон Симон (Simone Simon). Филмот бил номиниран за „Оскар“ за најдобра сценографија. [1]

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Во филмот се прикажани три различни приказни, кои зборуваат за истата тема - ужувањето. Во првата приказна, на еден бал се појавува наконтен човек, но додека танцува, тој доживува срцев удар. Лекарот го носи во неговиот дом, а кога неговата сопруга му ја симнува маската, се открива дека станува збор за старец, кој сака и понатаму да ги ужива задоволствата од младоста. Во втората приказна се зборува за вдовицата Теље, сопственичка на бордел во едно мало место. Еден ден, редовните посетители на борделот откриваат дека тој е затворен и во местото настанува паника. Причината лежи во тоа што Теље и нејзините пет девојки отпатувале во блиското село каде нејзиниот брат прави прослава по повод првата причест на ќерката. Истиот ден, гостинките се враќаат дома, а низ градот се проширува веста за повторното отворање на борделот.