Задгробен свет

Загробен свет (или царство на мртвите, оној свет, иден свет, небесно царство) — свет во кој одат луѓето по смртта, живеалиште на починатите или на нивните души.
Обично загробниот свет се сместувал под земјата или на небото, до каде што се стигнувало преку мост (честопати преку виножитото или Млечниот Пат), со качување на дрво, столб и слично. Старите Грци го поистоветувале подземниот свет со царството на мртвите и живеалиштето на Ад. Во словенската митологија, „оној свет“ е местото каде што престојуваат душите на починатите, но и воопшто светот на мртвите, кој е противставен на животот и на земниот свет на луѓето.[1]
Во религиите
[уреди | уреди извор]Во традиционалните религии
[уреди | уреди извор]Концептот за загробниот свет е присутен во повеќето култури. Арно ама, по правило, во минатото не се верувало во самостојно постоење на душата по смртта, а приказните за царството на мртвите честопати се сметале за детски прикаски.
Во најстарите верски системи запишани во писмените извори, загробниот свет претставува недиференцирано мрачно царство без сончева светлина и радости. Најчесто тој е сместен во долниот слој на трислојниот свет (небесен — земен — подземен), а неговото именување често било табуирано и заменувано со еуфемизми. Такви се, на пример, Ки-гал (буквално „голема земја“, „големо место“) или Кур (буквално „планина“, „планинска земја“) во сумерската култура; потоа Ерсету („земја“) или Кур-ну-ги („земја без враќање“) во акадската култура; темниот и бесконечен Дуат во египетските верувања; грчкиот Ад (невидлив); како и староеврејскиот Шеол.
Најстарите претстави за загробниот свет не содржат етичка поделба: сите починати одат на истото место, без оглед на тоа какви биле на Земјата. Првите обиди за поврзување на загробниот свет со посмртната правда се забележани во египетската култура од епохата на Средното Кралство (XXI–XVII век пр. н. е.) во Книгата на мртвите. Таму се опишува судот на Озирис, по кој душите на праведниците заминуваат на полињата Иару (полиња на блажените, прототип за Елисејските Полиња), додека душите на грешниците ги голта чудовиштето Амут за конечно уништување. Слична поделба подоцна се појавува и кај Старите Грци, каде што праведните души престојуваат во Елизиум, додека грешниците се казнуваат во истиот тој ад.
Во старогрчката митологија
[уреди | уреди извор]Според верувањата на Старите Грци, во мигот на смртта душата се одвојува од телото, го зазема обликот на починатиот и се упатува кон подземниот свет. Таму чамџијата Харон ги превезува душите на мртвите преку светата река Стикс, која го одвојува светот на живите од светот на мртвите. Зад реката Стикс, душите ги чека вечен и мрачен загробен живот, во кој ќе талкаат како сенки низ свет полн со ужаси, каде што не продира сончевата светлина и каде што владее богот Ад. Таму живеат и страшната божица на вештерството Хеката со својата придружба, како и божиците на одмаздата — Ериниите (Фуриите).
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Словарь классических древностей - подземный мир“. terminy.info (руски). Посетено на 2026-04-02.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Задгробен свет на Ризницата ?