Заглавие на страница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
A = заглавие; B = подножје
Заглавие во речник

Заглавие на страница - во типографијата дел сместен над главниот текст. Заглавието овозможува брза ориентација и навигација во рамките на пишаното дело. На пример, заглавието го содржи името на авторот и насловот на делото, насловот на отвореното поглавје, итн. Во речниците и енциклопедиите вообичаено е во заглавието на левата страна да стои почетниот збор или поим кој се содржи на таа страна, а на десната страна да стои последниот обработуван збор или поим. На хипермедијалните мрежни места податоците во заглавието често се хиперврски.

За целите на ориентација и навигација може да послужи и подножјето кое се наоѓа на дното на страницата. Во отсуство на дефинирани стандарди, содржините во заглавието и подножјето понекогаш меѓусебно си ги менуваат местата. Во некои случаи, елементи на заглавието се сместуваат во подножјето, како името на книгата или на поглавјето, името на авторот или други информации.

Компјутерска обработка на текст[уреди | уреди извор]

Програмите за обработка на текст вообичаено обезбедуваат формирање на заглавие кое е со многу ситни измени од страна до страна, на пример посебна положба на информацијата или порамнувањето на лева и десна страна.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Подножје на страница