Завидово
Завидово | |
---|---|
МСЗП — Категорија II (национален парк) | |
Реката Лама поминува низ паркот | |
Место | Московска и Тверска област, Русија |
Најблизок град | Твер |
Површина | 125 000 хектари |
Создаден(а) | 1972 година |
Национален парк Завидово ( руски: Национальный парк Завидово) е заштитено природно подрачје со статус на национален парк на северозапад на европскиот дел на Руската Федерација. Сместен е на границата помеѓу Тверската и Московската област, во подрачјето долж горниот тек на реката Волга позната како Горноволшка низина. Паркот е основан во 1972 година на местото на поранешниот ловечки резерват, основан во 1929 година. Се наоѓа на околу 150 километри северозападно од Москва, или околу 30 километри југоисточно од Твер . Паркот зафаќа површина од околу 125 000 хектари, од кои шумите сочинуваат над 79 000 хектари, ливадите сочинуваат над 17 000 хектари, додека околу 1,1 илјади хектари се водни површини.
Релјефот на паркот е рамничарски, со ретки ридски издигнувања од моренско потекло. Просечната надморска височина е 150 метри. Неколку реки течат низ територијата на паркот, од кои најважни се Шоша, Лама и Јауза. Заедничка одлика на сите реки што течат низ паркот се прилично ниски и мочурливи брегови и висок степен на заезерени крајбрежните подрачја. Во границите на паркот се наоѓа најзападниот дел на Иваљковско езеро на Волга, т.н. Шошински Залив.
Во подрачјето на паркот се наоѓа резиденцијата на претседателот на Русија „Рус“ (рус руски: Русь), а во рамките на паркот има 90 населени места во кои живеат вкупно околу 20.000 луѓе. Најголемото населено место е градтчето Козлово .
Територијата на паркот е поделена на три дела според степенот на заштита; на строго заштитени, заштитени и слободни подрачје.
Жив свет
[уреди | уреди извор]На територијата на паркот доминираат мешани шуми од бреза, бор, јасика и евла. Значителен дел од територијата се состои од ливадска вегетација и вегетација на мочуришни предели.
Во фауната доминираат цицачи, од кои најзастапен лос, зајак, лисица, дива свиња, срна, невестулка, кафеава мечка и рис. Најчести птици во шумските подрачја се тетреб и еребица, додека дивата патка живее во мочуришта. Ихтиофауната е претставена со деверика, крап, смуѓ, лињак, штука, клен, маниќ.Од животни кои не се автохони во паркот живеат елените и европските дабари кои донесени се овде во 1935 година како ловечки видови.
УНЕСКО го вклучи националниот парк Завидово меѓу најчистите подрачја на Земјата.
Историја
[уреди | уреди извор]Во 1929 година во атарот на гратчето Козлово основан е воениот камп и ловечкиот центар на московскиот воен округ, на територија со површина од околу 13 000 хектари. Иако центарот беше привремено расформиран по наредба на тогашниот советски претседател Јосиф Сталин во 1951 година, повтотно беше воспоставен како државно ловиште во раните 1960-ти. Во Завидовското ловиште доаѓале најмногу државни делегации кои биле во официјални посети на Советскиот Сојуз, а некои од најпознатите светски лидери кои престојуваа таму беа Јосип Броз Тито, Фидел Кастро, Урхо Кеконен, Јанош Кадар, Ерих Хонекер .
По наредба на претседателот Леонид Брежнев, во Козлово беа изградени двокатна луксузна вила и луксузен хотел со 12 соби, кино и билјард. Самиот Брежнев често остануваше во тој комплекс за време на неговиот мандат.
Целиот комплекс беше реновиран во раните 1970-ти, а работите ги надгледуваше советскиот маршал Андреј Гречко . Во 1972 година целата област е прогласена за национален парк.
Со одлука на претседателот на Руската Федерација Борис Елцин од февруари 1992 година целата област на националниот парк и руското одморалиште беа ставени под заштита на федералната служба за заштита ( руски: Федеральная служба охраны Российской Федерации), додека комплексот „Завидово“ во 1996 година прогласена за официјална резиденција на Претседателот на Русија.
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Тверска област
- Московска област
- Горноволшка Волга
- Козлово
- Национални паркови на Русија