Завар дизајн

Од Википедија — слободната енциклопедија

Завар дизајн - македонско трговско друштво за заварување и производство на процесна опрема за прехранбената, за хемиската и за фармацевтската индустрија.

Историјат[уреди | уреди извор]

Фирмата „Завар дизајн“ е основана во 1988 година од страна на м-р Јован Наумовски. Подоцна, на функцијата главен менаџер на фирмата него го заменила неговата ќерка Марта Наумовска-Грнарова.[1]

Производство[уреди | уреди извор]

Во својата производна дејност, „Завар дизајн“ работи во согласност со стандардите ИСО 9001, ИСО 14001, ИСО 3834-2, ПЕД 97/23-ЕЦ и ОХСАС. Дури 80% од производството на „Завар дизајн“ е наменето за извоз.[2] Посебна производна програма на „Завар дизајн“ сочинуваат дизајнираните радијатори, кои истовремено се грејни тела и скулптури. Првата колекција вакви радијатори се појавила во 2008 година. Во март 2016 година, на саемот МЦЕ во Милано била претставена линијата „Art Line“, а покрај неа се истакнува и колекцијата „DROP“, дизајнирана во соработка со студиото „Капка“ и со дизајнерката Јана Ацевска. Во април 2017 година, во Њујорк, фирмата „Завар дизајн“ ја освоила престижната награда за „најдобар иновативен дизајн“ која ја доделува Американската асоцијација за внатрешен дизајн (ASID).[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Марта Наумовска-Грнарова, „Нашите радијатори ќе ви ги стоплат срцата“, Економија и бизнис, година 19, број 227, мај 2017, стр. 17.
  2. Марта Наумовска-Грнарова, „Нашите радијатори ќе ви ги стоплат срцата“, Економија и бизнис, година 19, број 227, мај 2017, стр. 21.
  3. Марта Наумовска-Грнарова, „Нашите радијатори ќе ви ги стоплат срцата“, Економија и бизнис, година 19, број 227, мај 2017, стр. 17-19.