Забава (филм од 1968)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Забава (англиски: The Party) - американски филм од 1968 година, во режија на Блејк Едвардс. Главните улоги ги граат: Питер Селерс, Мишел Моне, Наталија Борисова итн.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Индиецот Хрунди Бакши (го игра Селерс) предизвикува експлозија при снимањето на еден филм, така што веднаш е отпуштен. Притоа, продуцентот на филмот му се јавува на својот претпоставен, кој по грешка го запишува името на Бакши на списокот на гостите на забавата која ја организира неговата жена. На забавата, Бакши предизвикува бројни непријатни случки. Истовремено, тој се запознава со девојката Клодин Лонге (ја игра Моне) која, исто како него, има амбиција да стане глумица. Кулминацијата се случува кога на забавата пристигнуваат руската балетска група и ќерката на домаќините, придружена од мал слон и од нејзините другари. Тогаш, учесниците на забавата го уништуваат домот на домаќините, кои паѓаат во очај. Во мигот кога Бакши ја напушта забавата, домаќинот дознава за кого станува збор.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]