ЗВИ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

ЗВИ е скратеница за „за ваша информација“. Превод е на англиската скратеница FYI (For Your Information).

ЗВИ вообичаено се користи во преписка преку електронска пошта и размена на мигновени пораки за да се означи пораката дека е од информативен карактер, односно да му се испрати на примачот кој би можел да биде заинтересиран, но не се бара никаква негова акција.

Употребата на англиската скратеница FYI е забележана во 1959 година, во втората епизода од првата сезона на „Зона на самракот“


Погледајте и[уреди | уреди извор]