Жофроа де Шарнеј

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Жофроа де Шарнеј (околу 1251 - 18 март 1314) бил прецептор на Нормандија на темпларите. Тој бил жив запален, заедно со Жак де Молеј на 18 март 1314, на островот Ил де ла Сите, на реката Сена, во Париз. Шарнеј бил примен во редот на околу 17 години од страна на Амури де ла Рок, прецептор на Франција, во Етампс. На церемонијата бил присутен и Жан ле Франсес, прецептор на Педенак.

Годфроа де Шарнеј бил спален, заедно со Жак де Молеј во 1314, по признавањето на својата невиност и невиноста на темпларите. Се смета дека неговите последни зборови биле следниве:

„Ќе го следам мојот мајстор

Го убивте како маченик
Го направивте тоа и не знаевте
Дека денес сака Господ

И јас да умрам за редот како и тој.“[1][2]

Внукот на Жофроа де Шарнеј бил Жофроа де Шарни, чијашто вдовица, прва го изложила торинскиот покров во 1357 година.[се бара извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Извонредно одвратни злосторства: Испрашувањето на витезите темплари, Едвард Бармен, 1994, стр.272
  2. Витези темплари: Историјат и митови на легендарниот витешки ред, Шон Мартин, 2005, стр.122 (ISBN 1-56025-645-1)