Прејди на содржината

Жофре Ридел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Жофре Ридел умира во рацете на Ходиерна[1]

Жофре Ридел бил принц и трубадур. Тој починал за време на Втората крстоносна војна и бил познат по тоа што во својата поезија ја внел „љубовта на далечина“ (amor de lonh или amour de loin).

За неговиот живот се знае многу малку, но една од песните на Маркабри го опишува како човек олтра мар (преку морето), најверојатно во поход. Тој најверојатно бил син на Жирар, исто така дворјанин. Таткото на Жирар бил првиот кој ја носел оваа титула околу 1090-та година.

Судејќи според неговата легендарна фикционизирана биокрафија, тој се решил да оди во крстоносната војна кога слушнал од еден испосник за убавината на Дамата Ходиерна од Триполија, при што таа моментално станала негова љубов на далечина. Легендата говори дека се разболел на бродот за време на патувањето и дека на брегот стапнал пред смрт. Дамата Ходиерна слушнала за него и се спуштила од својот замок, а Ридел умрел во нејзините раце. Оваа необична и прилично невозможна приказна најверојатно произлегла од затворениот стил на неговата поезија и неговата смрт на Походот.

Седум од песните на Ридел преживеале до денес, а музиката е зачувана за 4 од нив. Неговата поема Кога денот се претпоставува дека послужила како модел на Минезенгер Валтер од Фогелвајд да ја напише Палестинска песна.

Ридел како книжевна легенда

[уреди | уреди извор]

Писателите од романтизмот нашле инспирација во легендата за Жофре. Песните на Хајнрих Хајне и други се осврнуваат на поезијата на Ридел и легендата за неговиот живот, љубовта и смртта.

  1. Recueil des poésies des troubadours, contenant leurs vies (француски). 1201–1300.CS1-одржување: датумски формат (link)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]