Жорж Дијамел
Жорж Дијамел | |
---|---|
Жорж Дијамел | |
Роден/а | 30 јуни 1884 Париз, Франција |
Починат/а | 13 април 1966 Валмонд, Франција |
Занимање | писател |
Државјанство | Французин |
Жорж Дијамел (француски: Georges Duhamel, роден на 30 јуни 1884 во Париз - починал на 13 април 1966 во Валмонд) — француски писател.
Биографија
[уреди | уреди извор]Жорж Дијамел, роден како Денис Тевенин, е роден на 30 јуни 1884 во Париз. Тој бил трето дете на по старост во семејството, кое било сиромашно и се борело да преживее поради својот нестабилен татко. Притисоците и тензиите на овие рани години се опишани во неговиот автобиографски роман „Le Notaire du Havre“ (1933).
И покрај големите кризи во семејството, младиот Жорж отсекогаш сакал да биде доктор, иако имал голема љубов кон литературата и уметноста. Така во 1906 било основано уметничка заедница, наречена „Абатство“, каде членувале поети, писатели, музичари и сликари. Од 1912 година, тој станал главен уредник на „Mercure de France“. Во 1937 година бил избран за член на Француската академија. Во 1938 година, поради антивоениот став на писателот, тој бил избркан од работа.
Кога Првата светска војна започнала, Жорж се запишал како хирург во армијата и таму бил четири години. По крајот на војната му била доделена наградата „Гонкур“. Откако се вратил во цивилниот живот, Дијамел се посветил на литературата и одбрана на човековата цивилизација.
Во 1935 година, Дијамел бил избран за член на Француската Академија. Помеѓу 1930 и 1940 година, тој присуствувал на многу конференции во Франција и во странство, говорејќи брилијантно за францускиот јазик и култура.
За време на Втората светска војна, работата Дијамел била забранета од страна на Германците. По војната бил беше именуван за претседател на Француската алијанса. Починал на 13 април 1966 година.
Дела
[уреди | уреди извор]- (француски) Vie des martyrs (1917)
- (француски) Civilisation (1918) (Prix Goncourt)
- La Possession du monde (1919)
- Les Hommes abandonnés (1921)
- (француски) Vie et Aventures de Salavin (5 volumes) (1920-1932)
- I. (француски) Confession de minuit
- II. (француски) Deux hommes
- III. (француски) Journal de Salavin
- IV. (француски) Le Club des Lyonnais
- V. (француски) Tel qu'en lui même
- Les Plaisirs et les Jeux (1922)
- Le Prince Jaffar (1924)
- La Pierre d'Horeb (1926)
- Lettres au Patagon (1926)
- Le Voyage de Moscou (1927)
- Les Sept Dernières Plaies (1928)
- La Nuit d'orage (1928)
- (француски) Scènes de la vie future (1930)
- (француски) Géographie cordiale de l'Europe (1931)
- Les Jumeaux de Vallangoujard (1931)
- Querelles de famille (1932)
- (француски) Chronique des Pasquier (10 volumes) (1933-1945)
- I. (француски) Le Notaire du Havre
- II. (француски) Le Jardin des bêtes sauvages
- III. (француски) Vue de la terre promise
- IV. (француски) La Nuit de la Saint Jean
- V. (француски) Le Désert de Bièvre
- VI. Les Maîtres
- VII. (француски) Cécile parmi nous
- VIII. (француски) Le Combat contre les ombres
- IX. (француски) Suzanne et les Jeunes Hommes
- X. (француски) La Passion de Joseph Pasquier
- Fables de mon jardin (1936)
- Mémorial de la guerre blanche (1939)
- Positions Françaises (1940)
- Lieu d'asile (1940)
- Chronique des Saisons amères (1944)
- (француски) La Musique consolatrice (1944)
- Paroles de médecin (1944)
- Inventaire de l'abîme (1944)
- Biographie de mes fantômes (1944)
- Le Temps de la recherche (1947)
- Semaille au vent (1947)
- Le Bestiaire et l'Herbier (1948)
- La Pesée des âmes (1949)
- Le Voyage de Patrice Périot (1950)
- Les Espoirs et les Épreuves (1953)
- Lumières sur ma vie (5 volumes)
- I. Inventaire de l'abime
- II. Biographie de mes fântômes
- III. Le Temps de la recherche
- IV. La Pesée des âmes
- V. Les Espoirs et les Épreuves