Жорж Бернанос

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Жорж Бернанос
Georges-Bernanos.jpg
Роден/а20 февруари 1888
Париз, Франција
Починат/а5 јули 1948
Неи на Сена, Франција
Занимањеписател
Јазикфранцуски
Жанрроман

Жорж Бернанос (20 февруари 18885 јули 1948) — француски писател и војник во Првата светска војна. Бил воспитуван според римокатолички и монархистички убедувања, бил критички настроен кон буржоазијата и кон дефетизмот.[1] Според него, поради тие две сфаќања Франција била окупирана од Германија за време на Втората светска војна.[2] Многу од неговите дела се преведени на англиски јазик и објавени во Британија и САД.

Биографија[уреди | уреди извор]

Бернанос бил роден во Париз, во работничко семејство, а детството го минал во областа Па де Кале, каде што дејството во неговите романи најчесто се одвивало. Бил војник во Првата светска војна, а учествувал во битките кај Сома и Верден. Бил ранет неколку пати за време на битките. По војната, работел во осигурителна компанија пред да ја напише Под Сонцето на Сатаната.

И покрај неговите анти-демократски ставови и приврзаноста кон крајно десничарската партија Француска акција, во чиј подмладок членувал самиот тој, Бернанос гледал опасност во фашизмот и нацизмот пред да започне Втората светска војна. Ја освоил големата награда за роман од француската академија за делото Дневникот на селскиот свештеник во 1936.

Во почетокот го поддржувал Франциско Франко за време на Шпанската граѓанска војна,[3] но по посетата на Мајорка за време на војната, останал згрозен од теророт врз месното население и национализмот му станал одбивен, а го критикувал во книгата Дневник на моето време од 1938.[4] Критиката смета дека Бернанос ги напишал своите најдобри дела во периодот 1926-1937.

Бернанос се преселил во Бразил во 1938 поради политичката тензија во Европа. Таму останал до 1945, најмногу време во Барбасена, каде имал сопствена фарма. Неговите тројца синови се вратиле во Франција за да учествуваат во војната. За време на прогонот, тој остро го критикувал Вишиевскиот режим, а станал приврзаник на конзервативната партија Слободна Франција на Шарл де Гол. По крајот на војната, де Гол го поканил Бернанос да се врати во Франција, нудејќи му работно место во владата. Бернанос не се вратил, не сакајќи активно да се бави со политика.[5]

Библиографија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Allen, W. Gore (1948). "George Bernanos: A Mystic in the World," The Irish Monthly, Vol. 76, No. 903, pp. 414-416.
  2. Tobin, Michael R. (2007). Georges Bernanos: The Theological Source of his Art. McGill-Queen's University Press.
  3. Hellman, John (1990). "Bernanos, Drumont, and the Rise of French Fascism," The Review of Politics, Vol. 52, No. 3, pp. 441-459.
  4. Georges Bernanos. A Diary of My Times, London: Boriswood, 1938, p. 85.
  5. Liukkonen, Petri. "Georges Bernanos". Books and Writers (kirjasto.sci.fi)<nowiki />. Finland: Kuusankoski Public Library. Архивирано од изворникот на 10 February 2015. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: