Жорж Батаj

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Жорж Батаj
Роден 10 септември 1897
Бијом, Франција
Починал 9 јули 1962
Париз, Франција
Занимање писател
Државјанство Французин

Жорж Батаj (француски: Georges Bataille, роден на 10 септември 1897 во Бијом - починал на 9 јули 1962 во Париз) — француски писател, филозоф, антрополог и литературен критичар.

Биографија[уреди | уреди извор]

Жорж Батаj е роден на 10 септември 1897 во Бијом, во провинцијата Оверн, Франција, во семејството на Жозеф Аристид Бата, даночник (подоцна ослепил и се парализирал поради невросифилис) и Антоанета Агле Турнар. Неговото семејство се преселило во Ремс во 1898 година, каде што тој бил крстен.

Своето образование го завршил во Ремс, а подоцна и во Еперне. Во 1914 година станал католик и како голем приврзаник на католицизмот останал девет години. Во еден момент дури и размислувал да стане свештеник и ја посетувал за кратко католичката семинарија. Сепак истата ја напуштил, за да може да помага на својата мајка. На крајот се откажал од христијанството во почетокот на 20-тите години.

Во 1924 година завршил Екол де Шарт. Тогаш започнал да соработува со националната библиотека. Меѓу 1929 и 1930 година бил уредник на списанието „Documentes“. Жорж Батаj ја ​​развива идејата за основниот материјализам (основното значење според Ауди) на крајот на 20-тите и почетокот на 30-тите години, за да раскине со главниот тек на тогашниот материјализам. Тој тврди дека концептот на активна главна материја ја уништува опозицијата но ги дестабилизира и сите основи. Во извесна смисла овој концепт е сличен на неутралниот монизам на Спиноза, каде постои супстанција која го вклучува во себе и умот и материјата.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: