Прејди на содржината

Жонглер (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Жонглер“ (англиски: The juggler) — филм на режисерот Едвард Дмитрик (Edward Dmytryk) од 1953 година, снимен по сценариото на Мајкл Бланкфорт (Michael Blankfort). Главните улоги ги играат: Кирк Даглас (Kirk Douglas), Мили Витале (Milly Vitale) и Пол Стјуарт (Paul Stewart).[1]

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Ханс Мулер, некогашен познат жонглер кој ги преживеал нацистичките концентрациони логори, е еден од илјадниците бегалци кои се доселуваат во Израел по завршувањето на Втората светска војна. Збунет во новата средина, тој инстинктивно напаѓа еден полицаец кој му ги бара документите, а потоа бега во природата. Потоа, тој се доселува во еден кибуц каде се заљубува во младата работничка Ја Ела. Меѓутоа, кога ќе го пронајде детективот, Ханс се забарикадира во колибата, плашејќи се дека ќе го вратат в затвор...