Жолт шаренец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Жолт шаренец
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Arthropoda
Класа: Insecta
Ред: Lepidoptera
Семејство: Шаренци
Род: Euphydryas
Вид: E. maturna
Научен назив
Euphydryas maturna
(Линеј, 1758)
Синоними
  • Hypodryas maturna
  • "Euphydryas matura" (lapsus)

Жолтиот шаренец (Euphydryas maturna) е пеперутка од семејството на шаренците. Оваа пеперутка живее во Европа (вклучително и Македонија) и Казахстан[1][2]

Опис[уреди | уреди извор]

Распонот на крилјата на пеперугата е од 35 до 42 мм. Горната страна на крилјата на пеперугата е темнокафена, со црнкасти вени. На крилјата има нерамни портокалови и кремасти форми, кои варираат по големина и распоред. Телото е црно, а антените црно-бели. Долниот дел на крилјата е посветол, односно портокалово-кремаст со присуство на слични шари како и на горната страна. Ларвите достигуваат до 30 мм кога се целосно пораснати. Тие се темни со изразени жолти точки. Имаат голем број на влакна по телото. Куклите се најчесто бели.

Овие пеперутки може да се најдат во влажни места, добро осветлени и места со грмушки. Денес во голем дел од Средна Европа бројот на единките драстично се намалува, а во одредени области веќе и се исчезнати.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Checklist of Animal Species for Assessment of Forests with High Conservation Value“ (PDF). стр. 46. Посетено на 25 April 2017.
  2. World Conservation Monitoring Centre (1996). Euphydryas maturna. Црвен список на загрозени видови. 1996: e.T10713A3209604. doi:10.2305/IUCN.UK.1996.RLTS.T10713A3209604.en.

Поврзано[уреди | уреди извор]