Жолт поштар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/Предлошка:Автотаксономија/Colias|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}} |machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}} |machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}
Жолт поштар
Clouded yellow (Colias croceus) male underside 2.jpg
Мажјак, долен дел
Женка
Научна класификација [ у ]
Непознат таксон (попр): Colias
Вид: Жолт поштар
Биномен назив
Colias croceus
(Geoffroy, 1785)
Синоними[1]

Жолтиот поштар (Colias croceus) е пеперуга од семејството на пеперуги Белци.[2] Пеперугата ја има и во Македонија.

Подвидови[уреди | уреди извор]

  • Colias croceus croceus
  • Colias croceus f. deserticola (Верити, 1909)
  • Colias croceus f. helice (Хибнер)[3][4]
  • Colias croceus f. helicina (Обертир, 1880)[5]
  • Colias crocea f. mediterranea (Штаудер, 1913)

Сите овие напоменати форми се сметаат за синоними на жолтиот поштар.[1]

Распространетост[уреди | уреди извор]

Жолтиот поштар е еден од најраспространетиот вид во Европа. Пеперугата се наоѓа во Северна Африка, голем дел од Европа, а во Азија живее до Сибир. Ја нема во Источна и Средна Азија.[2][6]

Оваа пеперуга е позната по својата миграција низ Европа и околните региони, особено по масовната миграција, најчесто при парење.

Живеалиште[уреди | уреди извор]

Овие пеперуги живеат во отворени простори, ливади, крајбрежни сртови и полиња. Пеперугата живее на надморска височина до 1600 метри.[4][7]

Опис[уреди | уреди извор]

Жолтиот поштар има распон на крилјата од 46 до 54 мм.[7][8] Горниот дел на крилјата е во жолта боја со црни маргини на сите крилја. Често кога мирува крилјата се затворени и тешко може да се види црната маргина.[4]

Долниот дел на крилјата нема црни маргини и е во посветла боја. Предниот дел на крилјата имаат бела дамка. Женките,за разлика од мажјаците, имаат жолти точки по црната бордура на горната страна на крилјата.

Младите гасеници се жолто-зелени со црни глави. Подоцна тие стануваат темно-зелени. Куклите се зелени и имаат жолта линија.[9]

Животен циклус[уреди | уреди извор]

Возрасните единки летаат од март до октомври.[7] Во Јужна Европа и Северна Африка тие се парат во континуитет низ целата година. Јајцата се полагаат на растение. Една женка вообичаени полага до 600 јајца.[4]

Во топли предели гасениците растат брзо, а понекогаш стануваат кукли за време на еден месец. Куклата се развива од две до три седмици и во добри години има до три генерации годишно.[4]

Ларвите се хранат со растенијата: Trifolium pratense, Medicago sativa, Medicago lappacea, Medicago hispida, Medicago polymorpha, Medicago sulcata, Vicia, Lotus, Onobrychis, Astragalus, Colutea arborescens, Hippocrepis, и Anthyllis.[2]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Asher, Jim; Warren, Martin; Fox, Richard; Harding, Paul; Jeffcoate, Gail & Jeffcoate, Stephen (2001): The Millennium Atlas of Butterflies of Britain and Ireland. Oxford University Press. ISBN 0-19-850565-5
  • Evans, W.H. (1932). The Identification of Indian Butterflies (изд. 2nd.). Mumbai, India: Bombay Natural History Society.
  • Wynter-Blyth, Mark Alexander (1957). Butterflies of the Indian Region. Bombay, India: Bombay Natural History Society. ISBN 978-8170192329.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „GBIF“. Архивирано од изворникот на 2017-02-15. Посетено на 2020-03-06.
  2. 2,0 2,1 2,2 Funet
  3. C. c. helice at Biolib
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 UK Butterflies
  5. C. c. helicina at Biolib
  6. Fauna europaea
  7. 7,0 7,1 7,2 Simon Coombes Captain's European Butterfly Guide Архивирано 21 јули 2019 г..
  8. Svenska fjärilar
  9. „Naturkundliches Informationssystem“. Архивирано од изворникот на 2017-02-15. Посетено на 2020-03-06.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]