Жиковишки манастир
| Жиковишки манастир | |
|---|---|
| Свети Атанас | |
| Άγιος Αθανάσιος Ζηγκοβίστης | |
Поглед на манастирската црква | |
![]() | |
| 40°21′10.17″N 21°11′44.71″E / 40.3528250°N 21.1957528°E | |
| Место | Жиковишта, Костурско |
| Земја | Егејска Македонија, Грција |
| Вероисповед | Цариградска патријаршија |
| Архитектура | |
| Културнонаследна категорија | споменик на културата |
| Завршена | 1629 |
| Управа | |
| Архијерејско намесништво | Сачишко |
| Епархија | Шишанско-сачишка |
Жиковишки манастир „Св. Атанас“ (грчки: Άγιος Αθανάσιος Ζηγκοβίστης или Ζηκόβιστας) — манастир во Костурско, Егејска Македонија.[1][2][3][4] Влегува во состав на Шишанско-сачишката епархија на Цариградската патријаршија. Изворно ѝ припаѓал на Охридската архиепископија.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Манастирот се наоѓа во областа Костенарија, на територијата на Општина Рупишта. Сместен е на рид меѓу селата Жиковишта и Либешево.
Историја
[уреди | уреди извор]Според два турски фермана, подоцна изгубени, манастирот е изграден во 1629 г. и со тоа е најстариот споменик на архитектурата во Костенаријата. Митрополитот Филарет Костурски (1889 - 1899) напишал дека на северното крило на манастирот има плоча која говори за негово обновување од Партениј во 1747 г.[4] Во 1759 г. е изграден метохот, а следната година и направено и северното крило.[4][5]
Во главниот дел на црквата има фрески од 1785 г., а оние во припратата во се од 1787 г.[3][6] Живописот е дело на мајсторот Михаил од епирското село Кионат.[7] На плоча на јужниот ѕид стои годината 1817.[4] Зачувани се два ктиторски натписа — еден во наосот и еден во нартексот.[4]
За време на Грчката вооружена пропаганда во Македонија (1904 – 1908) манастирот бил збирно место за андартските чети. Затоа, по андартскиот напад на селото Езерец на 15 март во кој загинале 8 Македонци, на 2/17 март 1905 г.[8] овој манастир е нападнат и наполно изгорен (си исклучок на црквата) од Костенариската реонска чета на МРО на чело со Кирјак Шкуртов и милицијата од костенарските села.[9][10] Пред тоа се ликвидирани гркоманите Атанасиос Борозис и Фотиос Фотијадис од Либешево, кои зеле учество во убиството на костурскиот војвода Костандо Живков.[11]
Во 1918 г. манастирот ѝ е одземен на Костурската епархија и станал дел од Шишанско-сачишката. Долги години во него служел отецот Сидер Ковачев (Сидерис Ковацијадис) од Либешево.[11]
Во 1976 г. манастирот е прогласен за заштитен споменик на културата.[3][6]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Фрески
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Άγιος Αθανάσιος Ζηγκοβίστης“. Архивирано од изворникот на 7 февруари 2008. Посетено на 12 март 2008.
- ↑ Η πρώτη Cyberότσαρκα! (Μονή Αγ.Αθανασίου)
- 1 2 3 „Τα μοναστήρια της Καστοριάς (μέρος 2ο)“. Ιστορικά Καστοριάς. Посетено на 6 јануари 2014.
- 1 2 3 4 5 Δόικος, Νίκος & Γιάννης Σίσιου & Δημήτριος Τσουρτσούλας (1995). Καστοριανά Μνημεία: Μακεδονική Κληρονομιά. Χρωμογραφή. стр. 113.
- ↑ Снегаров, Иван (1995) [1932]. История на Охридската архиепископия-патриаршия, т.2 (Второ фототипно. изд.). София: Академично издателство „Проф. Марин Дринов“. стр. 489. ISBN 954-430-345-6.
- 1 2 „ΥΑ ΥΠΠΕ/Α/Φ25/49369/4210/10-4-1976 - ΦΕΚ 572/Β/29-4-1976“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2020-09-27. Посетено на 14 декември 2014.
- ↑ „Άγιος Αθανάσιος Ζηγκοβίστης“. Νομαρχιακή Αυτοδιοίκηση Καστοριάς. Архивирано од изворникот на 2016-12-28. Посетено на 27 декември 2016.
- ↑ Марков, Георги Христов (2002). Хрупищко (PDF). Хасково: Държавен архив - Хасково, Интерфейс. стр. 155. ISBN 954-90993-1-8.
- ↑ Силяновъ, Христо (1943). Освободителнитѣ борби на Македония (PDF). II. Следъ Илинденското възстание. София: Издание на Илинденската Организация. стр. 210.
- ↑ Шкуртовъ, Кирякъ (1940). „Революционната епоха в Костенарията - 1903 - 1908 год“ (PDF). „Илюстрация Илиндень“. София. XII (4 (114): 10. Text " langx" ignored (help); Занемарен непознатиот параметар
|month=(help) - 1 2 „Ιεροί Ναοί του Προφήτη Ηλία στο Βόιο“. Το Βόιον. Архивирано од изворникот на 2015-01-03. Посетено на 3 јануари 2015.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Жиковишки манастир на Ризницата ?
