Живоин Павловиќ (режисер)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Живојин Павловиќ)
Živojin Pavlović
Плакета на куќата кадешто Павловиќ живеел и работел
Роден(а)15 април 1933(1933-04-15)
Шабац, Кралство Југославија
Починал(а)29 ноември 1998(1998-11-29) (возр. 65)
Белград, Србија
Алма матерАкадемија за применета уметност во Белград
Занимањефилмски режисер, сценарист, писател, универзитетски професор
НаградиНИН-ова награда, Неколку златни арени на филмскиот фестивал во Пула и Сребрена мечка

ЖивоинЖикаПавловиќ (15 април 193329 ноември 1998) — југословенски и српски филмски режисер, писател, сликар и професор. Во своите филмови и романи, Павловиќ ја прикажуваше суровата реалност на малите, сиромашни и напуштени луѓе кои се отфрлени од општеството. Тој бил една од најголемите фигури на Црниот бран во југословенската киненамографија во 1960-те, движење што ја прикажувал потемната страна на животот.

Животопис[уреди | уреди извор]

Павловиќ е роден во Шабац во 1933 година. Кога имал 19 години, започнал да пишува за филмот и уметноста за белградските весници. Дипломирал сликарство на Академијата за применета уметност на Универзитетот во Белград[1] Починал во Белград.

Филмско творештво[уреди | уреди извор]

За своите филмови Павловиќ добил бројни награди, вклучувајќи една „Сребрена мечка“ на Берлинскиот меѓународен филмски фестивал и неколку „Златни арени“ на Пулскиот филмски фестивал.

Филмографија[уреди | уреди извор]

Година Филм Режисер Писател Награди/Забелешки
1960 Триптих за материјата и смртта да не Златна арена“ на филмскиот фестивал во Пула
1961 Лавиринт да не Вронзена арена на филмскиот фестивал во Пула, Номинација за „Златна мечка
1962 Живи води да да
1963 Обрач да да omnibus
1965 Непријател да да
1966 Враќање да не
1967 Кога ќе бидам мртов и бел да не Златна арена за најдобар филм на филмскиот фестивал во Пула
1967 Будење на стаорците да не Златна арена и најдобар режисер на филмскиот фестивал во Пула, Сребрена мечка за режија во Берлин[2]
1969 Заседа да да
1970 Црвеното класје да не Најдобар филм и најдобар режисер на филмскиот фестивал во Пула 1970
1973 Летот на мртвата птица да не
1975 Песна да да телевизиска серија
1977 Хајка да да Најдобар филм и режисер на фестивалот во Пула 1977
1980 Догледање до следната војна да да
1983 Здивот на телото да да Најдобар филм, Режисер и сценарист на филмскиот фестивал во Пула во 1983
1987 На пат за Катанга да не
1992 Дезертер да да
2000 Држава на мртвите да да постхумно

Книжевно творештво[уреди | уреди извор]

За своите книги Павловиќ добил бројни награди, вклучувајќи ги двете НИН-ови награди,[3] и наградата „Исидора Секулиќ“.

Библиографија[уреди | уреди извор]

Раскази
    • Кривулеста река (1963, 1994)
    • Две вечери на есен' (1967)
    • Цигански гробишта (1972)
    • Убивав бикови (1985, 1988)
    • Кришки на времето (1993)
    • Кал (1999)
    • Дневникот на непознатиот (1965)
    • Ветар во сувата треви (1976)
    • Кругови (1993)
    • Белината на утрешнината (1984)
    • Флогистоњ' (1989)
    • Азбука (1990)
Есеи
    • Филм во училишните клупи (1964)
    • Ѓаволски филм (1969, 1996)
    • За одвратното (1972, 1982)
    • Балкански џез' (1989)
    • Дамнешни години (1997)
Романи
    • Кукли; Кукли на буништето (1965, 1991)
    • Каин и Авел (1969, 1986)
    • Здивот на телото (1982, 1985, 1987, 1988, 1990)
    • Тие повеќе не постојат (1985, 1987)
    • Ѕид на смртта (1985, 1986, 1987) (НИН-ова награда)
    • Лов на тигри (1988)
    • Ми растело бадем дрво (1988)
    • Панаѓур на Свети Архангел (1990)
    • Трагата на дивечот (1991)
    • Лапот (1992) (НИН-ова награда)
    • Биљна крв (1995)
    • Симетрија (1996)
    • Џолап (1997)
Дневници
    • Плуканица полна со крв (1984 забранет, 1990 реиздаден)
    • Отчукувања (1998)
    • Дневници I-VI (2000)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Otvorena izložba "Živojin Žika Pavlović, Crteži i slike" u Biblioteci "Milutin Bojić" u Beogradu « FCS“. www.fcs.rs. Посетено на 2019-11-05.
  2. „Berlinale 1967: Prize Winners“. berlinale.de. Архивирано од изворникот на 2013-10-15. Посетено на 17 February 2010.
  3. „Zadah tela - Živojin Pavlović | Laguna“. www.laguna.rs (српски). Посетено на 2019-11-05.