Живојин Мишиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Војвода
Живојин Мишиќ
Zivomisic001.jpg
Началник на Генералштабот на Кралството на Срби, Хрвати и Словенци (Југославија)(1920–1941)
На должноста
5 мај 1920 – 20 јануаеи 1921
Монарх Петар I
Претходник нема
Наследник Петар Бојовиќ
Лични податоци
Роден(а) 19 06 1855 година
Струганик, Мионица, Србија
Починал(а) 20 01 1921 година
Белград, Србија
Почивалиште Ново гробје во Белград
Сопружник Лујза Крикнер (1884–1921)

Установа Воена академија - Србија
Професија офицер
Вероисповед православна
Награди Order of the Karađorđe's Star with Swords rib.png Орден Караѓорѓева ѕвезда со мечеви
UK Order St-Michael St-George ribbon.svg Орден Св. Михајло и Св. Ѓорѓе
Legion Honneur GC ribbon.svg Орден на Легија на честа
GRE Order Redeemer 1Class.png Орден на спасители
Cavaliere di Gran Croce OCI Kingdom BAR.svg Воен крст на Италија
Воена служба
Припадност Србија Србија
 Кралство Србија
 Кралство Југославија
Род Српска армија
Траење 1874–1904
1909–1913
1914–1921
Чин војвода филдмаршал
Заповеда со Прва армија (Србија)
Битки/војни Српско-Турска војна (1876–78)
Српско-Бугарска војна
Прва балканска војна
Втора балканска војна
Прва светска војна

Живојин Мишиќ бил српски војсководец кој имал чин војвода. Имал значајна улога во Српско-бугарската војна во 1885, во Првата балканска војна , во Втората балканска војна, како и важна улога во Првата светска војна во која командувал со Првата армија. Бил носител на највисоки српски, југословенски и меѓународни одликувања.

Биографија[уреди | уреди извор]

Живојин Мишиќ е роден во селото Струганик кај Мионица на 7 јули во 1855 година. Потекнува од многудетско, сиромашно семејстви и од најрано детство помагал на домашните со чување на добиток.

Првото образование го стекнал во Рибница каде што поради одалеченоста на својот дом престојувал во интернат. На инсистирање на брат му Лазар бил наредник во воениот гарнион во Крагуевац, по две години бил префрлен во училиштето во Крагуевац во 1867 година. Како дете од село имал многу неприлики да се вклопи со децата од градот, но успешно го завршил основното образивание и потоа учел во две години во гимназијата во Крагуевац. Гимназијата ја продолжил во Белград, но сепак ја завршил во Крагуевац, каде што потоа се запишал на Воената акаденија.

Во 1876 година, пред да го заврши образованието бил упатен на фронт во Првата српско - турската војна, каде бил наставник за трупите во Колубарскиот баталјон.

Живојин Мишиќ го поминал својот живот во војна и војување. По Српско-турските војни го довршил образованирто на Воената академија, по што во Австро-Унгарија завршил и стрелачко училиште во Брук на Лајта и двогодишна обука во служба во Генералштаб. Потоа учествувал во Српско-бугарската војна во 1885 година, по што покрај редовните должности полни шест години бил предавач по стратегија на Воената академија.

По трагичните случувања во Мајскиот преврата, бидекќи бил сметан за премногу близок на Обреновиќи бил пензиониран, но веќе во 1909 година, во тек на Анексиона криза на лично барање на началникот на Врховната команда генералот Радомир Путник, бил реактивиран, и како негов помошник учествувал во подготовка на воениот план за евентуална одбрана од Австро-Унгарија.

Во Балканските војни Мишиќ исто така бил помошник на началникот на штабот на Врховна команда, генералот Путник. Бил пензиониран и по завршувањето на Втората балканска војна , но пред почеток на Првата светска војна[1], повторно бил реалтивиран и поставен на истото место во штабот на Врховната команда.

Во тек на војната, Мишиќ имал решавачка улога во многу ситуации и потполно ја искажал својата способност да создава брзи стратегии и да донесува вистински одлуки. Сето тоа му донело слава и почит кај војската, народот, сојузниците, па дури и кај оние чиј миленик не бил. По демобилизација на Србија на 4 декември 1920 година, Врковната комнда била преименувана во Главен генералштаб на војската и морнарицата на Кралството на Срби, Хрвати и Словенци, а генералот Живоин Мишиќ, иако веќе болен, бил поставен за првиот началник на истиот. На таа должност останал кусо, поради болеста заминал на лечење во Париз каде што му било искажано најдлабоко почитување за сета храброст, решителност и трезвеност која ја имал во тек на војната. Сепак, по сознанието дека неговото здравје е во сериозна состојба, одлучил да се врати во Белград. Лечењето го продолжил во санаториумот на Врачар, каде исто така до последен миг бил уважуван и почитуван, од персоналот, народот, кралското семејство и странските претставници.[2]

Починал во Белград на 20 јануари 1921 година. Лекарите раскажувале дека заминал сонувајќи го фронтот, неговите последни зборови, изговорени во сон биле: [3]

Општата ситуација е добра. Тие се повлекуваат...


По заминувањето на лечење, Мишиќ започнал да пишува мемоари[4] кои не успеал да ги доврши,па биле довршени од страна на српскиот историчар Саво Скоко. За својата врска и енидба со Лујза, Мишиќ не зборувал, освен на својот пријател, негов личен секретар, професорот Милорад Павловиќ Крпа, кој во тек на службата кај него од 1914 до 1915 година тоа и го забележал.

Семејна биографија[уреди | уреди извор]

Мишиќ бил оженет со Лујзу Крикнер (1865—1956), која ја запознал кога таа имала 16 години во Аранѓеловац. Нејзиниот татко Фридрих Крикнер, Швајцарец со германско потекло бил градежен претприемач. Мишиќ ја сретнал својата избраничка на балот и ја замолил за танц, покрај неодобрување на родителите, таа прифатила подадената рака. Ја прифатила таа рака за сиот живот и покрај неодобрувањата од страна на татко ѝ, поради неговото потекло, но и поради верата, бидејќи тие биле протестанти.

Поради таквиот став на татка си, Лујза избегала за Мишиќ и откажувајќи се од богат чеиз станала негова сопруга во 1884 година. Имале шест деца; синовите: Радован, кој како резервен потполковник бил заробен во 1941 од страна на Германците и бил интерниран во Германија, каде починал во 1945 година; Александар кој имал чин резервен мајор и кого Германците го стрелале декември 1941 година во Ваљево; Војислав кој бил учесник во Народно ослободителната борба во Југославија, а кој бил на робија на Голи Оток и ќерките Елеонора, Олга и Анѓелија. По стрелањето на нивниот син Александар од страна на Германците, сопругата на Мишиќ, Лујза ја сменила верата и преминувајќи во православието го сменила името во Магдалена.

По смртта Мишиќ бил погребан со највисоките почести, неговото име денес се среќава често како име на улиците, а во Белград еден од централните плоштади го носел неговото име.

Прва српско-турска војна (1876—1877)[уреди | уреди извор]

Живоин Мишиќ своите први воени искуства стекнал уште пред да дипломира. Со почеток на војната против Турците тој бил назначен за за наставник на трупите во Колубарскиот баталјон од Втората Друге класа. Пред самото заминување на границата на фронтот, целата класа добила чин наредник. На фронтот Мишиќ бил распореден под команда на Никола Кирјејев, командантот на руски и бугарски доброволци. Мишиќ наскоро станал негов личен ордонанс. Мајорот Кирјејев имал желба на Мишиќ да му овозможи понатмошно образование во Русија, но тој загинал во борбите.

Во време на војната во еден кус период на фронтот бил заедно со своите два брата; капетанот Лазар Мишиќ и Теодор Мишиќ. Живојин Мишиќ учествувал во битките на Моравскиот фронт, во Битката на на Шуматовац, кај Шиљеговац.

Примирјето под притисок на Русија било потпишано на 1 ноември 1876 година. Живојин Мишић за покажаната храброст бил одликуван соЗлатна медалја за храброст, бил унапређен во чин пешадиски потпоручник на 10 декември 1876 година и станал командир на водот.

Втора српско-турска војна (1877—1878)[уреди | уреди извор]

Новата војна против вековниот поробувач на својата земја, Мишиќ ја пречекал во Белград каде бил офицер во 7 баталјон со кој бил преместен во Ваљево. Баталјонот бил вклучен под команда на неговиот постар капетан на I класе Лазар Мишиќ. Во таа бригада Живојин бил поставен за командир на 2 чет на народната војска.

По објава на војната, четата на Мишиќ образувала претходница и набрзо се сусрила со Турците кои биле сокриени во рововите. Во тоа време операциите на главни српски сили на моравичко-нишавски правец навлегле во завршна фаза. Ваљевска бригада по добиената наредба одмарширала во правец на Ниш преку Кушиќ, Ивањица, Пожега, Чачак, Крушевац и Ђунис по левиот брег на Мораве, во тоа време српските сили го зазеле Ниш на10 јануари. Ваљевска бригада не учествувала во тие операции според одлуката на врховниот командант кнезот Милан, кој лично ги поздравил војниците на оваа бригада при влез во ослободениот град. Неговата бригада добила задатак да спроведе 2.000.000 турски заробеници во Смедерево.

По војната Мишиќ се вратил во образовна установа. Се покажал како одличен, но тврдоглав, горд и правдољибив студент. По завршување, на прашањето каде би сакал да биде назначен во служба, тој и уште еден питомец одговориле дека прифаќаат било која одлука, додека дригите побарале и добиле место по свој избор. Мишиќ на кусо време бил назначен во Прокупље, но набрзо, во марту 1881 година со својот баталјон бил преместен во Белград. Бил одликуван со Сребрена медалја за чесна служба и поставен за комдандир на водот во чета. По преместување во Ваљево се стекал со чинот капетан. Во еден период на силна зима Мишиќ се раболел по што у било наредено да предаде должност и да замине на лекување. Тој одбил по цена на казна, знаејќи дека се ближи следниот судир со непријателите на неговата татковина. Веќе во септември 1885 година бил објавен Указ на кралот Милан за мобилизација на војската за војна против Бугарија.[5]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. http://wwfirstworldwar.com/bio/misic.htmw.
  2. Милићевић, Милић; Поповић, Љубодраг (2003). Генерали Војске Кнежевнине и Краљевине Србије. Београд: Војноиздавачки завод. ISBN 978-86-335-0142-2.
  3. † Војвода Живојин Мишић („Политика“, 20. јануар 1921)
  4. Мишић, Живојин; Скоко, Саво (1990). Моје Успомене. Београд: Београдски издавачко-графички завод. ISBN 978-86-13-00453-0.
  5. Иветић, Велимир (2000). Начелници генералштаба 1876—2000. Београд: Новинско-информативни центар ВОЈСКА.