Живојин Балугџиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Živojin Balugdžić.jpg
Роден 19 февруари 1868
Белград
Починал 26 септември 1941

Живојин Балугџић — дипломат на Кралството Србија и Кралството Југославија.

Биографија[уреди | уреди извор]

Основно училиште и гимназија завршил во Белград, а потоа започнал со студиите по право, кои ги заршил во Женева. Од Србија емигрирал во 1894 година, поради статијата „Го уривате дворот“ објавена во весникот „Народен пријател“, што го започнал заедно со Наум Димитријевиќ. Се вратил во Србија по Мајскиот преврат во 1903 година, кога станал секретар на Петар I Караѓорѓевиќ и шеф во Министерството за надвоешни работи. Во 1906 година, бил секретар во српското претставништво во Цариград. Бил конзул во Битола во 1907 година, а од 10 септември 1907 до 8 мај 1909 година бил конзул во Скопје. Се обидел да го смири судирот меѓу двете конзултски и митрополитски струења.[1] На чело на митрополитската струја бил скопскиот владика Викентиј Скопски, кој настојувал од српската дипломатија целосно да го преземе раководењето со револуционерната организација, како и со школството во Македонија.[1] Меѓу 1909 и 1912 година, бил конзул во Солун. Бил дипломатски претставник во Атина, Рим, и Берлин. Се пензионирал во 1935 година, а умрел во 1941 година.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Биљана Вучетић, Историјски часопис LVII(2008)413-426
  2. М. Станић, Успомене на митрополите са којима сам радио Михаила Г. Ристића, 128.