Живот (Ги де Мопасан)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Живот

Живот — првиот роман на Ги де Мопасан, првпат објавен како серијал во 1883 година во Гил Блас, а потоа како книга, истата година, под наслов Живот (Скромна вистина). Романот го опишува животот „на жената, од часот кога нејзиното срце се буди до нејзината смрт“.

Резиме[уреди | уреди извор]

Гравура од Ж. Лемоан според А. Леру.

Руан, 1819 година. Жана, ќерка на баронот Симон-Жак Ле Пертуи де Во и неговата сопруга Аделаид, е аристократка која на седумнаесетгодишна возраст го напушта манастирот. Така таа заминува дома; нејзините родители ѝ го оставиле замокот Ле Пепл во наследство за да живее во него. Таа се среќава со виконтот Жилиен де Ламар неколку дена по напуштањето на манастирот. Се венчаваат и одат на меден месец на Корзика. Многу брзо, по нивното враќање, Жилиен ја изневерува Жана со својата слугинка Розали, која останува бремена, потоа со сосетката Жилберта де Фурвил која се прикажувала како пријателка на Жана.

Таа предвреме го родила своето прво дете Пол, кој има здравствени проблеми. Нејзиното второ дете (девојче) е мртвородено, истиот ден кога М. де Фурвил ги убива Жилберта и Жилиен, откако открил дека тој е љубовник на неговата сопруга. Пол заминува да студира на колеџот Авр. Така, Жана останува сама по смртта на баронот, бароницата и нејзината тетка. Обземена е од тага и паѓа во душевна потиснатост, а осаменоста не ѝ помага да ја ублажи, Жана ја наоѓа Розали, нејзината поранешна слугинка. Нејзиниот син премногу гроши, таа се задолжува и паѓа во финансиски тешкотии. Потоа го продава замокот, кој сепак ѝ е многу при срце, и се преселува на друго место со Розали. Без вести од Пол, Жана тоне во тага која многу брзо ја старее. Еден убав ден, Пол, наоѓајќи се повторно во деликатна финансиска ситуација, ќе ја замоли Жана, неговата мајка, да се грижи за неговото дете, кое го добил со некоја развратница која починала за време на породувањето. Благодарение на доаѓањето на ова бебе и ветувањето што ѝ го дава синот дека ќе ѝ се придружи наскоро, Жана повторно го открива вкусот на животот.

Личности[уреди | уреди извор]

Жана Ле Пертуи де Во[уреди | уреди извор]

Гравува од Ж. Лемоан споре А. Леру.

Главниот лик, Жана е млада девојка, русокоса со сини очи. Со добиеното образование наменето да ја разбуди љубовта кон природата, таа не знае ништо за стварноста и честопати се наоѓа себеси како сонува за идеалниот маж. Таа е убедена во убавината и невиноста на бракот. Ако таа верува дека ги наоѓа овие особини кај Жилиен, таа за љубов ќе ја добие само сексуалната бестијалност на нејзиниот сопруг, неговата среброљубивост и неговото лицемерие. Животот му го посветува на синот кој заминува на 15 години. Останува во контакт со него, без да можат да разменуваат ништо друго освен пари, а тој многу ѝ недостига, многу страда заради неговото отсуство. Пред сè, таа отелотворува неука млада девојка. Ова незнаење е причина за многу разочарувања. Во контакт со светот Жана не зацврстува туку слабее малку по малку, попушта без отпор пред времето, смртта, отсуството на љубов, осаменоста или себичноста на нејзиното дете.

Ликот на Жана е вдахновен од Лора де Мопасан, Ема Бовари и Mадам Обен (Простодушно срце).

Родителите на Жана[уреди | уреди извор]

Гравува од Ж. Лемоан споре А. Леру.

Барон Симон-Жак Ле Пертуи де Во: таткото, дарежлив, но слаб.

Бароницата, Аделаида: мајката, која боледува од хипертрофија на срцето на која често се жали. Таа тајно чува спомени од една авантура за која е приврзана. Таа често се шета по патеката на семејната палата, заради што Жана ја нарекла„уличката на малата мајка“.

Жилиен де Ламар[уреди | уреди извор]

Гравува од Ж. Лемоан споре А. Леру.

Сопруг на Жана. Се среќаваат кратко по пристигнувањето на Жана во Ле Пепл. Се венчаваат 3 месеци подоцна. Одат на меден месец на островот Корзика, но по враќањето, Жана открива дека нејзиниот сопруг е скржав и себичен. Набргу потоа, таа открива дека тој ја затруднил слугинката. Тогаш Жилиен сака да ја избрка слугинката, но неговата сопруга се противи и ѝ наоѓа сопруг. Кога Жана останува бремена, таа брзо се оддалечува од својот сопруг за целосно да му се посвети на синот. Но, Жилиен е целосно незаинтересиран за тоа и се свртува кон Мадам де Фурвил, сосетка со која влегува во врска. Кога Жана дознава, таа не реагира. Свештеникот, откако случајно ја открил оваа афера, сака да ја натера да раскине со сопругот. Кога таа го одбива, велејќи дека излажаниот сопруг ќе ги убие љубовниците, свештеникот остро ѝ замерува за тоа. Како што предвидела Жана, кога свештеникот го известил сопругот на сосетката за нејзината врска со Жилиен, тој полудува и потоа ја фрла двојката од карпа. По смртта на љубовниците, Жана, вдовица, не кажува ништо, и покрај тоа што го знае. Таа раѓа мртва ќерка на денот на смртта на нејзиниот сопруг.

Пол де Ламар[уреди | уреди извор]

Гравува од Ж. Лемоан споре А. Леру.

Кој е Пол? Пол е легитимниот син на Жана, кого таа нагалено го викал „Пиле“ Жана, Лизон - тетката - и баронот. Тој живее во Ле Пепл, семејната куќа. Дете негувано од мајка му, дедо му и пратетка му, и покрај сè, не добил многу добро образование. На 15 години, бил испратен на колеџ во Авр. Пет години подоцна избегал без да остави никаква вест. Патува меѓу Лондон и Париз во потрага по бизнис што ќе го направи богат. За жал, тој се задолжува и нема друго решение освен да бара многу големи суми од неговата мајка која треба да го продаде својот имот за да му помогне на своето дете кое го нема видено долги години. Пол запознава девојка во сиромашните квартови во Париз со која се оженил пред нејзината смрт, за да го спаси нивното новородено дете. И покрај сите негови грешки, Пол постојано го окупира умот на неговата мајка, која ја гледа љубовницата како ривал, но сепак ќе го земе нејзиното дете во последното поглавје.

Розали[уреди | уреди извор]

Слугинка во поголемиот дел од романот. Таа ѝ била сестра по доење на Жана, а потоа ја придружува во нејзиниот живот. Го напушта семејството откако забременила од Жилиен, но се враќа 24 години подоцна да се грижи за Жана. Таа ќе ја натера да го продаде Ле Пепл за да ја спаси својата финансиска состојба. Со силен и сигурен карактер, таа ќе ја спаси Жана од банкрот и трагичен крај. Синот што Розали го добила од Жилиен де Ламар, Денис Лекок, е млад земјоделец. Решава да ја преземе фармата на мајка му и да се ожени.

Гравува од Ж. Лемоан споре А. Леру.

Наводи[уреди | уреди извор]

Изданија[уреди | уреди извор]

  • Une vie, Paris, Victor Havard, 1883.
  • Une vie, nouvelle édition revue, Paris, Paul Ollendorff, 1893.
  • Une vie, Paris, Louis Conard, 1908
  • Une vie, Paris, P. Ollendorff, 1901    (Wikisource) - illustré par Auguste Leroux, bois gravés par Georges Lemoine.
  • Une vie, Paris, Gallimard, 1974.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]