Животни што изумираат

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Животни што изумираат[уреди | уреди извор]

Бидејќи луѓето користат се повеќе земјиште за градење, за земјоделство или за патишта, местата каде живеат животните се намалуваат. Тоа значи дека бројот на животните во светот се намалува со голема брзина. Ловот на одредени видови, исто така, го смалува нивниот број. Ако не направиме нешто за да го запреме ова, многу видови сосема ќе исчезнат. Некои од нив веќе исчезнале, а на уште поголем број им се заканува изумирање.


Иако изгледа како мечка, џиновската панда, всушност, ѝ припаѓа на истата фамилија како и ракуните. Ја има во бамбусовите шуми во југозападна Кина и денес е многу загрозена. Сечењето дрвја и ловот толку го намалиле бројот на пандите што денес животното е строго заштитено. Се проценува дека има само 1.500 панди што живеат во дивината, повеќето во резервати за диви животни.


Само неколку илјади планински горила се уште живеат во Африка. Иако е голема и силна, планинската горила е плашлива и не би повредила некого доколку не ја разлутат. Возрасниот мажјак може да биде висок речиси два метри и тежок до 200 килограми. Се храни со зеленчук и живее во групи.


Индри е најголемиот член на фамилијата лемури и го има само на островот Мадагаскар во Индискиот Океан. Живее во планинските шуми и се храни, главно, со лисја.


Соленодонот е суштество слично на стаорецот и е долго околу 50 сантиметри. Се храни, главно, со инсекти, но, исто така, јаде и мали цицачи и гуштери. Останаа само два вида соленодони: кубанскиот соленодон и хаитскиот соленодон, а и на двата им се заканува изумирање.


Сите тигри се загрозени. Најголемиот е сибирскиот тигар, кој порано талкал слободно низ Сибир, Монголија, Манџурија и Кореја. За жал, нивниот број драстично се намалил поради ловот.


Сите пет членови на фамилијата носорози се загрозени. Покрај носорогот од Јава, постои големиот индиски носорог, црниот носорог, белиот носорог и носорогот од Суматра. Ги ловат поради рогот, за кој некои луѓе веруваат дека има моќни лековити својства. Рогот се состои од збиени влакна наречени креатин.


Еден вид ласица со црни шепи е, веројатно, најреткото диво животно во Северна Америка. Во 1982 г. последната група што се уште опстанала се состоела од 60 животни. Веднаш биле ставени под заштита и до 1984 г. бројот се зголемил на 129. За жал, една година подоцна речиси исчезнале поради болест. Последните 31 биле фатени и сместени во резервати за диви животни. Кога бројот се зголемил над 300, некои од нив биле вратени во дивината. Една од причините поради која се борат за опстанок е што еден од нивните главни извори за храна - периското куче - ранчерите, кои го сметаат за штетник и за закана за нивните животи, речиси го истребиле.

Користена литература[уреди | уреди извор]

„500 нови чудесни вистини“- Топер

Наводи[уреди | уреди извор]

лого на ОУТУ „Ванчо Питошески“ - Охрид Оваа статија е дел од ВикиПроектот ОХВП, кој има за цел да ги координира активностите на учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ - Охрид во создавањето и одржувањето на содржини на Википедија. Ако сакате да земете учество во проектот, може да ја уредите оваа статија, или да прочитате нешто повеќе на страницата на проектот, каде што меѓу другото може да се приклучите на проектниот тим и/или да дадете свој придонес на страницата за разговор.