Животни форми на растенијата

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Животна форма на растенијата, биолошка форма, биоморфа — надворешен облик на растенијата (хабитус) кој ја одразува нивната приспособеност (адаптираност) кон условите на животната средина. Овој поим е предложен од данскиот ботаничар Јоханес Евгениус Варминг (1884), кој под него подразбирал "форма, во која вегетативното тело на растенијата се наоѓа во хармонија со надворешната средина, од семето до изумирањето".

Во процесот на индивидуалниот развиток (онтогенеза), надворешниот облик на растенијата се менува. Факторите на средината кои влијаат на измените можат да се поделат на надворешни (околната средина) и внатрешни (внесени во генетскиот код). И покрај разновидноста на животните форми на растенијата, постојат неколку општи критериуми врз основа на кои многуте животни форми можат да се поделат на групи.

Класификација[уреди | уреди извор]

Прва класификација на основните форми на растенија основана на нивниот надворешен облик дал германскиот природонаучник Александар фон Хумболт. Таа се состоела од 19 основни форми и била објавена во 1806 година. Критериумите врз кои тој ја градел оваа класификација се основале на физиономските карактеристики на растенијата. По оваа првична класификација, следувале неколку други, и тоа оние на Антон Кернер (1863), Август Гризебах (1872), Оскар Друде (1913), во кои покрај физиономските параметри, свое место заземале и некои други карактеристики.

Подоцнежните класификации се основале на некои специјални адаптивни признаци: положба на пупките и карактеристиките на заштитните лушпи на пупките (Христен Раункиер, 1905, 1907) и по способноста за вегетативно размножување (Георгиј Николаевич Висоцкиј, 1915 и Емануил Хенрихович Казакевич, 1922).

Советскиот ботаничар Иван Григоревич Серебрјаков предложил (1962, 1964) класификација која се основала на структурата и должината на животот на надземните потпорни елементи на растенијата.

Видете исто така[уреди | уреди извор]