Фауна на Нов Зеланд

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Животни на Нов Зеланд)
Птицата киви е симбол на Нов Зеланд

Животните во Нов Зеланд имаат особено интересна историја, поради фактот што пред населувањето на луѓето (помалку од 900 години), во земјата немало никакви цицачи, освен оние што можеле да допливаат (фоки, морски лавови и китови) или да долетаат (лилјаци). Ова значи дека еколошките ниши што ги заземаат цицачите во другите земји овде се пополнети со инсекти и птици. Поради ова, Нов Зеланд има необично многу видови безлетни птици како кивито, моата и какапото. Бидејќи нема грабливци, дури и лилјаците живеат главно на земја. Има 60 видови гуштери (по 30 вида гекони и скинкови), и четири вида жаби (сите ретки и загрозени).

Првите луѓе во Нов Зеланд се населиле од тихоокеанските острови на неколку наврати, нешто пред 1300 година.[1], bringing with them the полинезискиот стаорец („киоре“) и припитомениот пес. Подоцна Европејците довеле свињи, невестулки, ласици, глувци, стаорци, кучиња, мачки, овци, говеда и многу други животни. Од нив, најнегативно влијание врз локалната фауна извршиле стаорците, ласиците, мачките, невестулките и кучињата, доведувајќи голем број видови до изумирање. Со намера да се развие крзнарството како стопанска гранка, од Австралија е донесен посумот, за ловни потреби е доведен еленот од Европа. Овие два вида животни влијаеле особено погубно врз животната средина на локалните птици.

Во последно време властите и организациите имаат успешно исчистено многу острови од посумот, стаорецот, ласицата, и други непожелни животни, во обид да ги вратат во својата изворна состојба. На пример, од островот Капити се отстранети 30 тони мртви посуми. Вакви потфати се прават и на главните два острова, каде воедно се прават и оградени еколошки подрачја кајшто непожелните животни немаат пристап.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]