Животински духови

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Животински духови — поим употребен од страна на Џон Мајнард Кејнз во неговото дело „Општа теорија на вработеноста, каматите и парите“ од 1936 година за опишување на инстинктите, склоностите и емоциите коишто наводно влијаат и го водат човечкото однесување и коишто може да бидат мерени преку потрошувачката доверба. Оттогаш, се смета дека довербата исто така е вклучена во „животинските духови“ или се јавува како последица на нив.

Потекло[уреди | уреди извор]

Оригиналниот исечок на Кејнз гласи:

Освен нестабилноста заради шпекулација, постои нестабилност заради карактеристиката на човечката природа според којашто голем дел од нашите позитивни дејствија зависат од спонтаниот оптимум отколку од математичките очекувања, дали морални или хедонистички или економски. Најголем дел од нашите одлуки да се направи нешто позитивно, од коишто последиците ќе произлезат во деновите што допрва доаѓаат, најверојатно можат да бидат разбрани само како резултат од животинските духови — спонтан нагон да се преземе дејствие наместо да се мирува и не како резултат од пондерираниот просек на квантитативните користи помножени со квантитативните веројатности.[1]

Се претполага дека Кејнз можеби мислел на Хјумовиот поим за спонтана мотивација, иако тој не се споменува во делото „Расправа на човековата природа“. Поимот произлегува од латинскиот израз „spiritus animales“ којшто може да се протолкува како дух (или флуид) којшто ги води човечката мисла, чувство и дејствие.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Keynes, John M. (1936). The General Theory of Employment, Interest and Money. London. Macmillan. pp. 161-162.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]