Живко Радевски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Живко Николов Радевски ( 1923 во Глуво, Скопско16 април 1945 во Банова Јаруга, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Потекнувал од сиромашно селско семејство. Завршил основно училиште, а потоа работел како земјоделец. По ослободувањето на Скопје, стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Со неа заминал на Косово да се бори во ликвидирањето на преостанатите балистички банди. Во составот на XV македонски корпус заминал за Срем, да учествува во завршните операции за ослободување на земјата. Во Срем завршил тримесечна воено-политичка обука. Бил учесник во големиот пробив на Сремскиот фронт. Потоа се борел за ослободување на Банова Јаруга, каде храбро загинал на 16 април 1945 година. Бил закопан на борбената позиција.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 120. На |first= му недостасува |last= (help)