Живко Мадевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден 1934
Куманово , Македонија Македонија
Занимање професор

Живко Мадевски (роден во 1929 година во Скопје) — македонски научник и универзитетски професор.

Биографија[уреди | уреди извор]

Живко Мадевски е роден на 12 октомври 1929 година во Куманово. По завршувањето на средното образование во родното место се запишал на студии по математика на Филозофскиот факултет во Скопје и со успех ги завршил во 1954 годинас. По дипломирањето работел како професор по математика во гимназиите во Скопје и во Гостивар. Во текот на 1956 година бил избран за асистент на Инсти­тутот за математика, каде што работел сè до 1 октомври 1995 година кога заминал во пензија како редовен професор. Учебните години 1960/61 (делумно) и 1961/62 ги поминал во Безансон, Франција, како стипендист на Француската влада и на тамошниот Природно-математички факултет се стекнал со сертификат од III степен по небеска механика.

Во 1973 година на Природно-математичкиот факултет во Скопје ја одбранил сво­јата докторска дисертација „Некои методи за добивање релации меѓу елементите од еден триаголник“. Како асистент се вклучил во наставата на Институтот и водел вежби по повеќе предмети, а по изборот за наставник во 1964 г. изведувал наставата по теориска механика, аналитичка геометрија, линеарна алгебра и други, а повремено гостувал како наставник и на Фармацевтскиот, Економскиот и други факултети во Скопје. Тој е извон­реден методичар, дидактичар, педагог, автор или коавтор на повеќе (околу петнаесет) учебници за основното и за средното образование. Во научноистражувачката работа неговите интересирања се насочени најнапред кон алгебрата, потоа кон небеската механика (каде што, главно, го проучува проблемот на три тела). Во геометријата посебно се интересира за геометриските неравенства, област од која е и неговата докторска дисертација. Од сите области има објавено повеќе трудови. Тој стручно бил многу активен во Друштвото на математичарите (бил претседател на Друштвото, повеќегодишен член на неговото раководство, организатор на натпревари, еден од организаторите и повеќепати предавач на Школата за млади математичари), Педагошкиот завод (надворешен соработник - увиди, наставни програми, предавач на курсеви итн.),Просветно дело (автор на учебници, рецензент и референт на повеќе учебници итн.). Забележително е и неговото учество во органите и комисиите на Универзитетот и Факултетот (член на Универзитетскиот совет, член и претседател на Советот на Факултетот, декан на Математичкиот факултет, директор на Математичкиот институт итн.). Бил член и претседател на Републичкиот педагошки совет. За повеќегодишната работа и за општествената ангажираност добитник е на наградата "Климент Охридски", а одликуван е и со Орден на трудот со сребрен венец и со Орден на трудот со златен венец.

Литература[уреди | уреди извор]

  • ПМФ 1946-2006, монографија; БУ бр. 331/1979.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]