Прејди на содржината

Живи мртовци: Мртов град

Од Википедија — слободната енциклопедија
Живи мртовци: Мртов град
Плакатот на првата сезона
Жанружаси
драма
зомби-апокалипса
Создадена одЕли Џорне
Заснована наЖиви мртовци (стрип)
Улоги
Композитор(и)Ијан Хултквист
Земја на потекло САД
Првичен јазик
Бр. на сезони2
Бр. на епизоди14
Производство
Извршен продуцент(и)
МестоположбаЊу Џерси
Времетраење40 — 50 минути
Продукциска куќа
Прикажување
Првична мрежаAMC
Првично прикажување18 јуни 2023 – сѐ уште
Хронологија
Слични програмиЖиви мртовци
Надворешни врски
Мрежна страницаamc.com/shows/the-walking-dead-dead-city--1060741

Живи мртовци: Мртов град (англиски: The Walking Dead: Dead City) — американска постапокалиптична ТВ-драма на ужасите создадена од Ели Џорне за AMC и заснована на ликовите Меги и Ниган од стрип-серијалот „Живи мртовци“. Тоа е првото продолжение на ТВ-серијата „Живи мртовци“ и петтиот дел од франшизата „Живи мртовци“ за да се одржи постојаноста со другите телевизиски серии. Џорне служи како главен продуцент.

Лорен Кохан и Џефри Дин Морган повторно ги играат своите улоги како Меги и Ниган од изворната телевизиска серија. Главните улоги ги толкуваат и Гај Чарлс, Жељко Иванек и Махина Наполеон. Развојот на серијата започнал во март 2022 г. Работниот наслов на серијата, „Остров на мртвите“, бил променет во август истата година. Дополнителните членови на глумечкиот состав биле објавени во октомври и ноември 2022 г. Главното снимање започнало во јули 2022 г. во Њу Џерси и завршило во октомври 2022 г.[1]

Првата сезона од серијата се состоела од шест епизоди и била објавена на 18 јуни 2023 г. Во јули 2023 г., било објавено обновување за втора сезона.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Серијата ги следи Меги и Ниган додека патуваат низ постапокалиптичен Менхетн, одвоен од копното, во потрага по грабнатиот син на Меги, Хершел. Уништениот град е полн со мртовци и жители што го направиле Њујорк свој свет, полн со анархија, опасност, убавина и ужас.

Главни улоги

[уреди | уреди извор]

Лорен Кохан како Меги Грин. Вдовицата на Глен, порано дел од групата на Рик Грајмс во „Живи мртовци“. Таа е и водач на Колонијата Хилтоп, заедница на преживеаници што се преселиле од Вирџинија во Њујорк.

Џефри Дин Морган како Ниган. Поранешниот водач на Спасителите, кој ја напуштил Заедницата со својата бремена сопруга за да започне семеен живот по настаните во „Живи мртовци“.

Гај Чарлс како Перли Армстронг. Тој е маршал на Нововавилонската Федерација, мрежа на преживеани заедници во Њујорк со задача да го следат Ниган.[2]

Жељко Иванек како „Хрватот“. По потекло од Хрватска, па оттука и неговиот прекар, Хрватот е жесток поранешен член на Спасителите, кој го грабнал синот на Меги, Хершел. Тој е и водач на „Бурази“ (мак. Браќата), група непријателски преживеаници што ја презеле контролата над Менхетн.

Махина Наполеон како Џини: Млада девојка со мутизам што завршува под грижата на Ниган по трауматската смрт на нејзиниот татко. Подоцна се открива дека нејзиниот татко бил еден од мажите за кого Ниган објавил потера.

Второстепени улоги

[уреди | уреди извор]

Логан Ким како Хершел Ри: тинејџерскиот син на Меги и Глен. Ким го заменува глумецот Кин Мајкл Спилер, кој претходно го толкувал Хершел во „Живи мртовци“.[3]

  1. „The Walking Dead: Dead City Reveals Logo“. TV Shows (англиски). Посетено на 2024-04-14.
  2. Andreeva, Nellie (2022-04-28). 'Isle Of The Dead': Gaius Charles Joins Lauren Cohan & Jeffrey Dean Morgan In 'The Walking Dead' Spinoff“. Deadline. Архивирано од изворникот 2023-04-04. Посетено на 2022-11-16.
  3. Bonomolo, Cameron (March 26, 2023). „The Walking Dead: Dead City Recasts Maggie's Son Hershel“. ComicBook.com. Посетено на April 11, 2023.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]