Жибек Нукеева
Жибек Нукеева (27 февруари 1995 година - 16 јули 2017 година) била киргистанска манекенка и носител на титулата за избор на убавина, кога била крунисана за Мис на Киргистан 2013.
Ран живот
[уреди | уреди извор]Нукеева била студент по бизнис менаџмент и зборувала киргистански и француски јазик.[1] Порано живеела неколку месеци во Гренобл, Франција. Научила француски јазик во училиштето „Француски сојуз“ (Alliance Française), со седиште во Гренобл.
Семејство
[уреди | уреди извор]Жибек Нукеева станала мајка на машко бебе родено во ноември 2016 година, со нејзиниот сопруг Бакит.
Избор за убавица
[уреди | уреди извор]Мис на Киргистан 2013
[уреди | уреди извор]Нукеева била крунисана за Мис на Киргистан 2013, претставувајќи го Бишкек. [2]
Мис на светот 2013
[уреди | уреди извор]Нукеева се натпреварувала на Мис свет 2013 во Нуса Дуа, Бали, Индонезија. [ потребно е цитирање ]
Смрт
[уреди | уреди извор]Жибек починала на 16 јули 2017 година од хондросаркома, редок рак кој влијае на коските и зглобовите. Таа живеела во Бишкек, Киргистан, но нејзиното семејство ја испратило во Турција да добие поквалитетно лекување. За лекувањето, на „GoFundMe“ за Жибек и биле потребни 80.000 долари (САД), за да се оперира во Прага, Чешка. Но, откако собрале 6.172 долари, таа починала бидејќи ракот веќе се проширил на другите делови од телото. [ потребно е цитирање ]
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Награди и достигнувања | ||
---|---|---|
Претходник Дијана Овганова |
Мис Киргистан 2013 |
Наследник Ајкол Аликжанова |