Жељко Бркиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бркиќ со Каљари во 2015 година

Жељко Бркиќ (роден на 9 јули 1986 година) бил поранешен професионален српски фудбалски голман.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Почетна кариера во Србија[уреди | уреди извор]

Бркиќ, играјќи на голманската позиција, кариерата ја започнал како професионалец во клубот Индекс од Нови Сад, а подоцна и во клубот на Војводина. Пред да заигра професионално во Војводина, клубот го испратил на позајмица во екипата на Пролетер од Нови Сад. Таму останал да игра околу две години и одиграл 31 натпревар. По неговото враќање во клубот на Војводина Бркиќ својот прв натпревар го имал на 2 септември 2007 година против тимот на Напредак Крушевац. Војводина победила со резултат од 1:0. Оттогаш Бркиќ станал прв голман на клубот и набрзо бил и капитен. Во екипата на Војводина тој одиграл вкупно 117 натпревари.

Сиена[уреди | уреди извор]

Во летото 2011 година, Бркиќ ја напуштил Србија за да се приклучи на италијанскиот клуб Удинезе.[1] Бидејќи Удинезе во тој момент ја имал пополнето квотата за регистрација на играчи надвор од ЕУ и било пополнето местото на голман, а тоа бил словенечкиот интернационалец Самир Хандановиќ. Бркиќ бил приморан повторно да потпишува со Војводина. Сиена[2] [3] сето ова допонително ја чинело околу 20 000 евра. Подоцна кога се расчистиле правните ситуации тој конечно станал член на италијанскиот клуб, но по кратко заминал да игра за клубот на Сиена.

На 11 септември 2011 година, Бркиќ го одиграл својот прв натпревар за новиот клуб во нерешениот резултат на екипата од 0:0 против клубот на Катанија.[4] Во октомври, по импресивните настапи за својата Сиена, Бркиќ бил поврзуван со преселба во англискиот клуб Тотенхем Хотспур. Како одговор на шпекулациите за трансфер, сепак, Бркиќ за српскиот весник „ Спорт“ изјавил дека е свесен за гласините за трансфер, но инсистирал дека се фокусира на игрите во клубот на Сиена.[5] Бркиќ, исто така, рекол дека не брза да го напушта клубот и додал дека сето тоа може да влијае на неговата моментална форма.[6] По поразот со 2:0 од тимот на Милан на 17 декември 2011 година, Бркиќ добил жолт картон што било резултат на подоцнежна казна.[7] Тој набрзо имал операција, кршејќи ја левата фибула која го оддалечила од фудбалските терени.[8] И по една година од повредата, Бркиќ тешко се опоравувал.[9] Во јануари 2012 година, тој ја напуштил Сиена и се вратил во клубот на Удинезе и тоа бесплатно. Многу брзо бил повторно вратен во екипата на Сиена. За време на неговата повреда, клубот на Сиена го користела Џанлука Пеголо како прв избор на голманската позиција. Бркиќ го одиграл својот прв натпревар по повредата дури на 22 април. Во нерешениот резултат од 1:1 против тимот на Болоња, на 25 април 2012 година, Бркиќ постигнал автогол откако бил изведен слободен удар на Алесандро Дијаманти. Со овој автогол Бркиќ ѝ наштетил на Сиена за да не може да ги освои сите три бода.

Удинезе[уреди | уреди извор]

2012–13[уреди | уреди извор]

Бркиќ со Удинезе во 2012 година

По една сезона со Сиена, Бркиќ станал прв голман на клубот на Удинезе по заминувањето на словенецот Самир Хандановиќ во клубот на Интер. [10] Откако се наметнал во првиот тим, Бркиќ својот прв натпревар за клубот го имал во квалификациското коло за Лигата на шампионите на УЕФА против португалската Брага. За жал, клубот на Удинезе бил елиминиран од Лигата на шампионите и преместен во Лигата на Европа на УЕФА. Претходно клубот на Удинезе загубил од тимот на Фиорентина со 2:1 во домашното првенство. Следниот натпревар бил уште полош за Бркиќ кога добил црвен картон во поразот од 4:1 против двократниот шампион на Италија тимот на Јувентус. По натпреварот, поранешниот судија Даниеле Томболини рекол дека исклучувањето на голманот Бркиќ било грешка бидејќи Себастијан Џовинко од Јувентус немал посед врз топката. Но, сепак трвдел до крај дека фаулот е за најстрога казна, односно за пенал.[11] Подоцна Бркиќ пропуштил еден натпревар и тоа против клубот на Сиена.[12] Се вратил помеѓу стативите кога Удинезе победил со 2:1 против Милан на следниот натпревар. На 4 октомври 2012 година, Бркиќ бил на голот кога Удинезе го победил Ливерпул со резултат од 3:2, изведувајќи добри одбрани на ударите на Луис Суарез и на ударот со глава на Шелви.[13] За жал, подоцна Удинезе бил елиминиран од Лигата на Европа, по низа порази. Во средината на јануари Бркиќ се здобил со повреда откако го скршил вториот прст од десната рака и заминал на операција поради која бил надвор од терените најмалку еден месец.[14] Еден месец подоцна, на 26 февруари 2013 година, Бркиќ се вратил, играјќи на пријателскиот натпревар против тимот на Гемонезе. По натпреварот, Бркиќ рекол дека бил подготвен за играње по минатата повреда.[15] Тој се вратил на 3 март 2013 година против екипата на Пескара, кога клубот победил со 1:0.[16] По овој натпревар Бркиќ се вратил како стандарден голман сѐ до крајот на сезоната 2012-13.

2013–14[уреди | уреди извор]

Во сезоната 2013-14, Бркиќ бил надвор од клубот откако го повредил рамото додека вежбал во теретана. Оваа повреда го оддалечила вкупно 4 месеци од првиот тим.[17] За време на неговото отсуство, бил заменет со голманот Симоне Скуфет.[18] По паузата, Бркиќ се вратил на теренот во победата од 2:1 над тимот на Сасуоло. Настапот на Бркиќ со Удинезе бил пофален во медиумите. Тие истакнале дека тој „одбранил најмалку три удари и блокирал неколку силни обиди на противникот“. Оваа победа на тимот му ја донела 10та позиција во Серија А.[19]Во натпреварот помеѓу Јувентус и Удинезе клубот на Јувентус ги поканил своите млади фудбалери да го гледаат натпреварот против Удинезе, бидејќи нивната навивачка група Ултраси биле казнети. Младите гледачи извикувале навреди кон голманот Бркиќ по секој гол, а Јувентус бил казнет со сума од 5.000 евра.[20]

ПАОК[уреди | уреди извор]

На 7 јули 2016 година, Бркиќ потпишал тригодишен договор со грчкиот Суперлигашки клуб ПАОК. Бркиќ, кој веќе ги договорил условите со претседателот/техничкиот директор на ПАОК, Џубош Мичел, ги поминал медицинските прегледи во клубот од Солун, а потоа го потпишал својот нов договор. Така тој заминал од Италија по пет последователни сезони. Бркиќ, заедно со искусните грчки интернационалци Панајотис Гликос и Маркос Велидис, се очекувало да бидат дел од многу силната тројка на голманската позиција на клубот на ПАОК во пресрет на сезоната 2016-17.[21] [22]

Репрезентација[уреди | уреди извор]

Жељко Бркиќ својат репрезентативна кариера ја започнал во националниот тим, играјќи за Србија У-21. Тој бил во тимот на Европското првенство за фудбал до 21 година на УЕФА 2009 година и покрај тоа што имал наполнето дваесет и две години. На Европското првенство за фудбалери до 21 година, Бркиќ одиграл три натпревари, сите во групната фаза. Тој успеал да биде несовладан на два натпревари од турнирот.

На 3 март 2010 година, Жељко Бркиќ го одиграл својот прв натпревар за сениорската репрезентација на Србија влегувајќи во игра во 81 минута по повредата на Владимир Стојковиќ на натпревар со репрезентацијата на Алжир. Овој натпревар завршил со победа на Србија од 3:0.[23] На Светското првенство на ФИФА 2010 година во Јужна Африка, Бркиќ бил именуван во националниот тим непосредно пред почетокот на истото.[24] За жал, тој бил исфрлен од тимот откако менаџерот Радомир Антиќ го скратил списокот на играчи од 24 на 23.[25] Неколку години подоцна, за наредните квалификации за Светското првенство Бркиќ бил прв избор за тимот за местото репрезентативен голман, победувајќи ја конкуренцијата на Владимир Стојковиќ.

Статистика во кариерата[уреди | уреди извор]

Клуб статистика[уреди | уреди извор]

Сезона и клубови Лигашки натпревари Куп натпревари Континентални натпревари Вкупно
Сезона Клуб Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови
Србија Суперлига Српски куп Европски Вкупно
2006–07 Војводина 4 0 0 0 0 0 4 0
2007–08 14 0 0 0 1 0 15 0
2008–09 27 0 2 0 3 0 32 0
2009–10 23 0 4 0 2 0 29 0
2010–11 28 0 6 0 0 0 34 0
Италија Серија А Куп на Италија Европски Вкупно
2011–12 Сиена (како позајмен играч) 18 0 2 0 0 0 20 0
2012–13 Удинезе 31 0 0 0 6 0 37 0
2013–14 12 0 1 0 0 0 13 0
2014–15 Каљари 21 0 0 0 0 0 21 0
2015–16 Капри 4 0 3 0 0 0 7 0
Грција Супер Лига Грчки куп Eвропски Вкупно
2016–17 ПАОК 7 0 3 0 1 0 11 0
Србија Суперлига Српски куп Европски Вкупно
2020–21 Војводина 0 0 0 0 0 0 0 0
Лигашки натпревари Куп натпревари Континентални натпревари Вкупно
Вкупно Србија 96 0 12 0 6 0 114 0
Италија 86 0 6 0 6 0 98 0
Грција 7 0 3 0 1 0 11 0
Вкупно во кариерата 189 0 21 0 13 0 223 0

Меѓународни натпревари[уреди | уреди извор]

Србија
Година Натпревари Голови
2010 година 3 0
2011 година 2 0
2012 година 4 0
2013 година 1 0
2014 година 0 0
2015 година 1 0
Вкупно 11 0

Признанија[уреди | уреди извор]

Војводина[26]
ПАОК[26]
  • Второпласиран во Супер лига Грција: 2016–17
  • Освоен е Грчкиот фудбалски куп: 2016–17

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Udinese, new confirmations of Brkic“ [Udinese, nuove conferme su Brkic] (Italian). Tutto Mercato Web. 6 June 2011. Посетено на 11 April 2013.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  2. „Brkic in prestito dall'Udinese“ (Italian). AC Siena. 15 July 2011. Посетено на 16 March 2014.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  3. „Udinese, nuove conferme su Brkic“ [ESCLUSIVA TMW – Siena, quasi fatta per Brkic] (Italian). Tutto Mercato Web. 8 July 2011. Посетено на 11 April 2013.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  4. „Brkic and Handanovic drive the "survivors" between the poles“ [Brkic e Handanovic guidano i "sopravvissuti" fra i pali] (Italian). Gazzetta. 13 September 2011. Посетено на 11 April 2013.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  5. „Brkic flattered by Spurs link“. Sky Sports. 7 October 2011. Посетено на 11 April 2013.
  6. „Brkic reveals Spurs interest“. Sky Sports. 19 December 2011. Посетено на 11 April 2013.
  7. „Siena slam Milan penalty“. Football Italia. 18 December 2011. Посетено на 11 April 2013.
  8. „Siena, Brkic to return“ [Siena, Brkic verso il rientro] (Italian). Tutto Mercato Web. 13 March 2012. Посетено на 11 April 2013.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  9. „Udinese, Brkic: "I found it hard to go back" [Udinese, Brkic: "Ho fatto fatica a tornare"] (Italian). Tutto Mercato Web. 11 December 2012. Посетено на 11 April 2013.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  10. „All change again at Udinese“. Football Italia. 22 August 2012. Посетено на 11 April 2013.
  11. 'Brkic red card was a mistake,' says ex referee Tombolini“. Goal.com. 4 September 2012. Посетено на 11 April 2013.
  12. „Five Serie A suspensions“. Football Italia. 3 September 2012. Посетено на 11 April 2013.
  13. „Liverpool 2–3 Udinese“. BBC Sport. 4 October 2012. Посетено на 11 April 2013.
  14. „Udinese lose injured Brkic“. Football Italia. 15 January 2013. Посетено на 11 April 2013.
  15. „Udinese, Brkic: "I'm ready to return" [Udinese, Brkic: "Sono pronto al rientro"] (Italian). Tutto Mercato Web. 27 February 2013. Посетено на 11 April 2013.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  16. „Pescara 0-1 Udinese: Di Natale Milestone Secures Zebrette Victory“. Forza Italian Football. 3 March 2013. Посетено на 27 December 2013.
  17. „Brkic ruled out for four months“. Football Italia. 4 July 2013. Посетено на 27 December 2013.
  18. Claudio D'Amato (6 April 2014). 'The new Buffon' - introducing Italy's 17-year-old goalkeeping wonderkid Simone Scuffet“. Goal.com. Посетено на 6 October 2018.
  19. „Serie A Team of Week 10“. Football Italia. 1 November 2013. Посетено на 27 December 2013.
  20. Homewood, Brian (3 December 2013). „Juventus fined after rowdy children insult keeper“. Reuters. Архивирано од изворникот на 22 May 2014.
  21. Μπρκιτς η έκτη μεταγραφή;Retrieved 7 July 2016
  22. Οριστικά στον ΠΑΟΚ ο Μπρκιτς;Retrieved 7 July 2016
  23. „Disljenkovic canceled Antic!?“ [Dišljenković otkazao Antiću!?] (Serbian). Sportske.net. 21 February 2010. Посетено на 11 April 2013.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  24. „World Cup 2010: Serbia cut Chelsea pair from squad“. BBC Sport. 21 May 2010. Посетено на 11 April 2013.
  25. „World Cup 2010: Serbia drop fourth keeper to trim squad“. BBC Sport. 1 June 2010. Посетено на 11 April 2013.
  26. 26,0 26,1 „Ž. Brkić“. Soccerway. Посетено на 6 October 2018.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]