Жеравна

Од Википедија — слободната енциклопедија
Улица во Жеравна, 2011

Жеравна е село во централниот дел на источна Бугарија, дел од општината Котел, Сливенска област. Селото, сместено во мала долина подножјето на Стара Планина, е архитектонски резерват од национално значење и се состои од повеќе од 200 дрвени куќи од Отомански стил (XVIII и XIX век), како туристичко одредиште кое се равива со голема брзина.

Селото е основано помеѓу 12-ти и 14 век со тенденција да стане културен и занаетчиски центар во 18 век. Како што месното население се збогатуваше, архитектонски изглед на селото била обликувана со еднокатни или двокатни дрвени куќи опкружени со ѕидови од камен и улички со калдрма.

Популарни места во селото ја вклучуваат куќата-музеј на трговецот Руси Чорбаџи од почетокот на 18 век, потоа црквата Св.Никола осветена во 1834 година која содржи икони од 18 и почетокот на 19 век, куќата-музеј на познатиот писател Јордан Јовков роден во 1880 година, уметничка галерија која била училиште во тоа време и куќата-музеј на учителот Сава Филатеров.

Во септември 2005 година селото има население од 460. Жеравна е на 579 метри надморска височина.

Галерија[уреди | уреди извор]