Женски оргазам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Оргазам - (доаѓа од грчки збор orgasmos - сексуален климакс) претставува крај, фаза, одраз (или врв) на еден сексуален чин и е карактеризиран со чувство на сензационално задоволство. Оргазмот е контролиран од страна на автономниот лимбичен систем и е придружуван со брз циклус на мускулна контракција во долните делови на телесните мускули. Проследен е со мускулна спазма во повеќе делови на телото. Оргазмот е карактеризиран и како автономен психолошки одговор на една сексуална стимулација. Оргазмот на жената може да трае малку подолго или многу подолго отколку на мажот. Женскиот оргазам се проценува дека трае во просек, околу 20 секунди. Се состои од серија на мускулни контракции во карличната област која ја вклучува вагината, грлото на матката, и анусот. Тој се манифестира преку мастурбација на клиторисот.