Женски збор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Женски збор
Податотека:Palabrademujerposter.jpg
Жанрдрама
теленовела
Создадена одНене Каскалар
УлогиЕдит Гонсалес
Јадира Кариљо
Лудвика Палета
Лидија Авила
Земја на потеклоМексико
Првичен јазикшпански
Бр. на епизоди145
Производство
Извршен продуцент(и)Хосе Алберто Кастро
Времетраење45 минути
Прикажување
Првична мрежаКанал 2
Првично прикажување22 октомври 2007 – 9 мај 2008
Хронологија
СледбеникДрага непријателка
Надворешни врски
Мрежна страницаesmas.com/palabrademujer

Женски збор (шпански јазик: Palabra de Mujer) е мексиканска теленовела. Серијата започна со снимање летото 2007 година, додека својата премиера ја имаше на 22 октомври, и стартираше со солидни резултати со коишто и така заврши на 9 мај 2008. Во главните улоги се појавија нам добро познатата Едит Гонсалес и Хуан Солер. Серијата ги раскажува реалните ситуации на животот на ликовите.

Синопсис[уреди | уреди извор]

“Женски збор” е приказна за четири жени: Ванеса, Фернанда, Паулина и Матилда, кои, и покрај тоа што се наоѓаат во различни кругови, прифаќаат авантура од која ќе се напредува во работниот живот. Ванеса е таа која ја презима иницијативата и се здружува со Делија, пријателка милионерка, во основувањето на продуцентската куќа која би створила телевизиски програм специјализиран за женска публика. Фернанда, Паулина, Матилде и Ирмита и помагаат во таа работа, и стануваат се подобри пријателки и партнерки. Ванеса во меѓувреме доживува вистински слом во приватниот живот: после 22 години брак, се разведува со Хулијан, заради неговото неверство. Ванеса ќе мора да се соочи со разочарувањето, а и се враќаат и чувствата од губитокот на својот прв син. Поточно, ни Хулијан ни Ванеса во потполност не го преболеа губитокот, па така нивната болка се враќа. Во тој момент, Мартин станува рамо за плачење на Ванеса кај која секогаш може да се побара добар совет. На другата страна, Паулина пораснала во богата фамилија, но трпи болка поради заминувањето на својот син, Маријано, кој ја напуштил нејзе и нејзината мајка, додека Паулина била девојче. Сама на светот, Паулина нема избор, па заминува да живее кај манипулативната тетка Карлота. Во тоа време, Маријано повторно се враќа во нејзиниот живот, како би се извинил заради постапката од минатото. Но, Маријано не се враќа сам. Во животот на Паулина ја носи и нејзината маќеа Флора, и полубратот Адријан. Флора е добра жена, и веднаш ја прифаќа Паулина, додека Адријан чувствува одбојност спрема полусестрата, но подоцна сфаќа како Паулина може да биде љубовта на неговиот живот. Фернанда е вистински експерт на подрачјето на финансии. Самохрана е мајка и нејзината ќерка, тинејџерката Бети и е најдобра пријателка. Фернанда морала да помине по животот без потпора на Емануел, таткото на Бети, кој ја оставил заради друга, богата жена. Набргу, во животот на Фернанда влегува Ернан, мистериозниот авантурист кому можеби ќе се обиде да му го промени животниот стил. Заблагодарувајќи и се на својата интелегенција и моќна импровизација, Матилде е креативна страна на програмата. Нејзината фамилија е скромна, таткото и е механичар, а нејзината мајка работи на пазар, додека нејзиниот брат Исмаел студира медицина. Исмаел е заљубен во Паулина, но знае како не може да и понуди богатство на кое таа е навикната. Иронично, Матилде, која му говори на братот како треба да најде девојка од својот друштвен слој, па се заљубува во Роберто, синот на Делија, која ќе направи сè до таа врска да не дојде. Помеѓу проблемите, несреќите, љубовта, недостаток на афекција, омраза и страст, ги следи животот на овие четири жени, нивните фамилии, нивните победи и нивните падови: четирите жени кои работат заедно и кои сакаат да докажат колку вреди женскиот збор.

Улоги[уреди | уреди извор]

Глумци Ликови
Едит Гонсалес Ванеса Нориега
Јадира Кариљо Фернанда Ортиз
Лудвика Палета Паулина Алварез и Хунко
Лидија Авила Матилде Солано де Ландета
Ситнија Клитбо Делија Ибара
Хуан Солер Мартин Кастењанос
Виктор Нориега Емануел Санроман
Далија Поланко Ирма Лопес

Надворешни врски[уреди | уреди извор]