Женскиот Марш на Версај

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Илустрација на Женскиот Марш на Версај, 5 октомври 1789

Женскиот Марш на Версај, исто така познат како Октомврискиот Марш, или едноставно Маршот на Версај, е еден од најраните и најзначајните настани од Француската револуција.

Утрото на 5 октомври 1789, една млада жена удри марширачки тапан на работ на група од жени од пазарот кои биле бесни поради хроничниот недостиг и високата цена на лебот. Лутите жени ја принудиле блиската црква да ги бие своите ѕвона.[1] Нивниот број продолжил да расте и со немирна енергија групата почна да маршира. Повеќе жени од другите околни пазари се приклучиле, многу со кујнски ножеви и друго импровизирано оружје.[2] Нивните демонстрации брзо станале испреплетени со активностите на револуционерите кои барале либерални политички реформи и уставна монархија во Франција. Управувана од страна на разни агитатори, толпата се собра во Hôtel de Ville каде што тие барале не само леб, но и оружје.[3] Како што се повеќе и повеќе жени пристигнале, толпата постигнала број меѓу шест и седум илјади,[4] а можеби дури десет илјади и се упатиле кон Палатата на Версај. Толпата ја опседнала палатата и во драматични и насилни конфронтации тие успешно ги презентирале нивните барања за кралот Луј XVI.[5][6] Следниот ден, толпата го принуди кралот, неговата фамилија, и поголемиот дел од француското Собрание да се врати со нив во Париз.

Гладта и очајот на жените од пазарот беше оригиналниот поттик за маршот,[7] но она што започна како барање за леб веднаш доби многу поамбициозна цел. Hôtel de Ville веќе ги отвори своите бројни продавници за демонстрантите, но тие останале незадоволни: тие не сакале само еден оброк, но уверување дека лебот ќе остане евтин и достапен. Гладот беше вистинска и сеприсутна закана за пониските слоеви на општеството, а гласините за аристократски заговор за изгладнување на сиромашните биле чести.[2]

Овие настани ефикасно ставиле крај на независниот авторитет на кралот. Маршот го симболизирал новиот баланс на моќ што наместо античкичките привилегирани наредби на француското благородништвото ги фаворизирал обичните луѓе на нацијата.[8] Маршот на Версај се покажа како одлучувачки момент на Револуцијата.[8][9]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Hibbert, p. 97.
  2. 2,0 2,1 Doyle, p. 121.
  3. Schama, p. 459.
  4. Schama, p. 460.
  5. Carlyle pp. 257–258.
  6. Schama, p. 465.
  7. Soboul, p. 155.
  8. 8,0 8,1 Kropotkin, p. 157.
  9. Wright, pp. 58–59.