Жени во градина

Од Википедија — слободната енциклопедија

Жени во градина
УметникКлод Моне Уреди на Википодатоците
Година1866
Медиуммаслени бои, платно
Димензии255 cм (100 ин) × 205 cм (81 ин)
МестоположбаМузеј Орсе, Франција Уредете го ова на Википодатоците
ИдентификувачиJoconde-назнака: 000PE003967
Bildindex-назнака: 21070024

Жени во градина (на француски: Femmes au jardin) — слика на францускиот сликар Клод Моне. Сликата ја започнал во 1866 годин кога имал 26 години[1].

За сликата[уреди | уреди извор]

Сликата е насликана со маслени бои на платно. Големина е 255 см × 205 см. Самиот пејзаж е всушност градината на имотот што тој го изнајмил.

На самата слика се гледа неговата партнерка и идна сопруга Камиј Донсје, која позирала за сликата. Во почетокот сликата ја работел на отворено (ан пленер), а ја завршил во своето ателје. Денес, оваа слика е во музејот Орсе во Париз.

Успех на сликата[уреди | уреди извор]

Сликата иако во почетокот била одбиена на Парискиот салон, поради грубите потези на четката, таа сепак во историјата на сликарството ја има пионерската и значајна улога со која всушност започнува еден од најзначајните ликовни правци - импресионизмот

Наводи[уреди | уреди извор]